НАЈНОВО

КиноКултура

Премиера на македонскиот филм „Преекспонирано“ во Битола

Македонскиот филм „Преекспонирано“ на режисерката Елеонора Венинова на 03.05.2023 во 20:00 ч. премиерно ќе биде прикажан во Битола.

На битолската премиера ќе присуствува и дел од филмската екипа.

Улогите во филмот ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска, Марјан Наумов. Кинематографер е Лев Предан Коварски, музиката е на Линдзи Рајт, сценографијата на Срѓан Митровиќ.

Сценариото е на Елеонора Венинова, монтажер – Гоце Кралевски, а костимите се на Жаклина Крстевска. Монтажер за звук: Дарко Спасовски, продуцент е Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), а копродуцент Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија).

Филмот е поддржан од Агенција за Филм, Српски Филмски Центар и Еуримаж.
Останати проекции во 3Д Кино Битола:
Четврток 04.05.2023. 19:00
Петок 05.05.2023. 19:00

Поврзани новости