НАЈНОВО

Битола инфо

Приведено лице од Битола, одземени пушка и дијаболи

Полицијата во Битола синоќа го привела И .Г.(29), кој управувајќи патничко возило „пасат“ со битолски регистарски ознаки, кај место викано „Грозд“, преку отворен прозорец со воздушна пушка испукал во кучиња скитници, соопшти МВР.

Од него биле одземени воздушна пушка „гамо“ калибар 4,5 мм. и пакување со дијаболи. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по Законот за оружје.

Поврзани новости