НАЈНОВО

Настани

Прилеп се подготвува за театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“

Од 9 до 16 јуни ќе се одржи 57-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Концептот на селекцијата е насловен „Радоста на играта или пркосот на креацијата“. Директорката на фестивалот Ана Стојаноска програмата ја конципираше во четири различни програми: Официјална селекција, ОФФ актива, Независна продукција што игра македонски автори и Видеопрограма. Од 52 одгледани претстави Стојаноска одбрала 9 кои ќе се натпреваруваат во официјалната конкуренција. Фестивалот го отвора „Инферно“ на велешкиот театар, а освен оваа претстава во официјалнниот дел се одбрани и : „Чудна случка со кучето во ноќта“, од Драмски театар Скопје, „Бесачи“ МНТ, „Мистерија Буфо“ на прилепскиот театар, „Мy name is Medeјa“ во продукција на Народен театар – Битола, „Три сестри“ од Албанскиот театар, „Несфатената цивилизација“ од охридскиот театар. „Роња, ќерката на ограбувачот“ – Театар за деца и младинци – Скопје и „Женска гардероба“ на Театар Комедија.

„Најпоразително е тоа што нема интерес за поставување домашни драми. Предизвикот да се селектира програмата за ова издание на фестивалот беше огромен, затоа што сметав дека на најстариот и најзначајниот македонски театарски фестивал треба да се покаже денешната актуелна театарска практика низ еден сериозен концепт. Концепт што ќе ни покаже каде сме и до каде сме и концепт кој треба да нѐ замисли и сериозно да ја наметне потребата да создаваме подобар театар“, истакна Ана Стојаноска, директорека и селктор на Фестивалот.

Ќе има и 7 претстави во делот на Независна продукција што игра домашни автори, како и две претстави придружната програма. Добитниците на наградата за животно дело на фестивалот, годинава се актерите Петар Темелковски и Петар Мирчевски.

„Освен оваа програма во текот на Фестивалот во Прилеп ќе бидат отворени Фестивалски зони на неколку места во градот, каде ќе бидат поставени живи статуи и истовремено ќче има приказ на средновековни театарски изведби т.н. „Скомрахи“ кои ќе се шетаат низ Прилеп и ќе ги покажувата своите етиди. За време на Фестивалот ќе биде промовирана театарска, театролошка и драмаска литература, ќе бида одржани неколку работиолници, бидејќи ќе имаме гости од странство. На пладне ќе бидат разговорите на тркалезна маса, од оваа година идејата е активно да се зборува за сите претстави на Фестивали и ќе сниаме поткасти за време на Фестивалот“, додаде Стојаноска.

Фестивалот ќе започнува од 10 часот наутро со дестките претстави и детската зона, а ќе завршува доцна во ноќта со дружбите и забавите кои ги има после завршувањето на претставите.

Поврзани новости