НАЈНОВО

Економија

Продолжува нестабилноста на цените на житарките на светските берзи

Цените на пченицата никако да се стабилизираат. Во вторникот пораснаа, а потоа повторно се намалија во средата за вчера повтоено да забележат раст, што не е изненадувачки бидејќи ситуацијата на пазарот е исто така турбулентна.

Министерството за земјоделство на Украина извести за забавување на извозот на жито, особено на пченица, бидејќи руските инспектори не вршат преглед на бродови, што блокира одредени пристаништа.

Во однос на минатата година извозот на пченица од Украина е намален за 18 отсто. Членките на ЕУ на различни начини се обидуваат да го намалат влијанието на нивното жито. Истовремено, Унгарија не сака да ја повлече забраната за увоз на украински производи, Полска на различни начини го ограничува увозот и транспортот, а Европската комисија го опструира плаќањето на паричниот надоместок што и го вети на Полска.

Во средата пченицата на MATIF падна за 4,25 евра/т и се спушти на 222,5 евра/т. Вчера после 13 часот во септемврискиот договор требаше да се издвојат 224,25 евра за тон.

Оваа сезона Европската Унија го зголеми увозот на пченица на 24 милиони тони во однос на 2022 година кога изнесуваше 14,7 милиони тони. Побарувачката на Кина за пченица расте, но слабее за пченката.

Јунските договори за пченка беа благо намалени, со цена од 218,25 евра/т. Цената на маслодајната репка се искачи на 405,50 евра/т, а очекувањата се насочени кон преминување на границата од 425 евра/т.

На Chicago CboT цената на пченицата имаше поголем пад и изнесуваше 207,21 евра/т. За еден тон пченка се потребни 215,05 евра, а за тон соја 452,69 евра. Цените на пченката се под влијание на пониското производство во Јужна Америка и падот на производството на етанол во САД.

Поврзани новости