НАЈНОВО

Македонија

Променливо облачно со услови за краткотрајно невреме во попладневните часови

Услови за нестабилно време и за краткотрајно невреме, особено во попладневните часови, УХМР најавува и за утре, но и за деновите од викендот.

Денеска во земјава нè очекува променливо облачно, а од пладне нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Процесите на места ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Максималните температури ќе се искачат од 17 до 26 степени.

Во Скопје претпладне времето ќе биде облачно, а попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и услови за краткотрајно невреме. Температурата во Скопскиот регион ќе се движи во интервал од 13 до 25 степени.

Услови за нестабилно време и за краткотрајно невреме, особено во попладневните часови, УХМР најавува и за утре, но и за деновите од викендот.

Поврзани новости