НАЈНОВО

ЖивотПсихологија

Психолозите одговараат: Дали на децата треба да им се каже вистината за Дедо Мраз?

Развојниот психолог Амене Шахејан изјави за „The Conversation“ дека родителите можат сериозно да им наштетат на своите деца со едно тврдење за Дедо Мраз.

Дали на децата треба да им се каже вистината за Дедо Мраз? Еве што велат психолозите

„Возрасните не треба да ги лажат децата за Дедо Мраз. Кога детето ќе ги праша дали е вистински или не, тоа веќе е на фаза кога може да ја разликува реалноста од измислените ликови. Кога детето ќе стигне до тој степен на развој,  не е од помош да се лаже за измислен лик како Дедо Мраз“, рече таа.

Затоа, иако го сакате најдоброто за вашето дете, според експертот, не треба да лажете. Со тоа се согласува и професорката Ребека Инглиш.

„Не треба да ги лажете децата затоа што на тој начин ги поттикнувате да веруваат во морално двосмислена лага. Кога како дете дознав дека моите родители лажат за Дедо Мраз, се прашав за што друго ме лажат“, таа објасни.

Според истражувањата, дури 83 отсто од децата кои имаат пет години, велат дека веруваат во Дедо Мраз. Ако планирате да му ја кажете вистината на вашето дете, постојат неколку начини да го направите тоа на соодветен начин.

„Полесно е да се потврдат нивните сомнежи кога ќе почнат тие да испрашуваат, отколку да се открие вистината од ведро небо. Објаснете му на детето дека иако не е Дедо Мраз тој што носи подароци, вистинската порака за Божиќ и Нова Година сепак е пораката на мир и добрина. Вистината можете да ја ублажите со тоа што ќе му кажете на вашето дете дека верувате дека божиќната сезона е најмагичното време во годината“, советуваше психологот Аманда Гејмер.

Поврзани новости