НАЈНОВО

Битола инфоВести

Расчистени пет тешки кражби во Битола, пронајдените предмети вратени на сопствениците

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, денеска извршиле службен разговор со Б.В.(23) од Битола кој се сомничи дека извршил пет тешки кражби, при што од куќи, објект и возило, на подрачјето на Битола, одзел повеќе предмети, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека Б.В. ги признал делата, а дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците, а по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Поврзани новости