НАЈНОВО

Моја кујнаРецепти

Рецепт за мексикански такоси: Мали залчиња идеални за семеен појадок или вечера

Мексиканската кујна е позната по бројни јадења на кои никој не може да им одолее. Комбинацијата на вкусови и зачини освојува, па не е ниту чудно што храната од оваа земја стана популарна и кај нас.

Денеска ќе ви пренесеме рецепт за такоси со пилешко месо, а вие секако дека може да си „играте“ со зачините и состојките така што ќе си ги приспособите такосите по ваш вкус.

Состојки:
– 4 тортиљи;
– 500 грама пилешко бело месо;
– 200 грама кашкавал;
– 180 грама павлака;
– 120 грама ајсберг салата;
– 2 домати;
– 1 главица кромид;
– Масло за јадење;
– Сол, бибер;
– Други зачини по желба.

Подготовка:
Тортиљите ставете ги на работната површина, па со модла или виљушка вадете кругови.

Пилешкото месо исечкајте го на коцки, додадете зачини, па пржете на масло за јадење.

Во поголема чинија измешајте ја павлаката, исечканиот домат, кромид, ајсберг, зачини и на крај додадете го пилешкото месо.

Круговите од тортиљи полнете ги со оваа смеса, па краевите превртете ги нагоре.

Ставете ги една до друга во плех, за да не се распаднат во текот на печењето.

Над такосите додадете рендан кашкавал.

Печете на загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу осум минути.

Пријатно јадење!

Поврзани новости