НАЈНОВО

Битола инфо

Ристо Димитров – Чурино дел од Пелистер ХТР Ултра Трка во Битола

Ристо Димитровски Чурино дел од овогодинешниот Пелистер ХТР Ултра Трка која се одржува на 23.06 со старт од центарот на Битола која е 115км планинска трка.

Димитров доаѓа заедно со својот тим и ученици од Оман кои исто така заземаат учество.

“Уште еден предизвик пред мене, овај пат е посебно затоа што ке биде во мојот роден град, мојата преубава Битола.
115км Планинска трка, огромен предизвик на тешка патека, доаѓам со мојот тим и моите ученици од Оман кои исто така ке земат учество.
Ќе ми биде чест да учествувам и на моите ученици да им ја претставам мојата Битола и мојата преубава Македонија.
Голема благодарност до организаторите на Pelister Unique Trail Marathon-PUTM кои несебично ни помагаа и асистираа да можеме да го донесе нашиот AL MOUJ MUSCAT RUNNING TEAM се гледаме на 23 пред офицерски. – изјави Димитров.

Имено патеката е една од најтешките во Македонија која е со 4 долги искачувања и 2 бескрајни спуштања, рамна е само на почетокот на првите 2 км. Ново е искачувањето на врвот Стив, на 2400 м и целосно карпест.

Оваа патека е за целосно спремни тркачи кои се психофизички подготвени.

Поврзани новости