НАЈНОВО

КултураФилм

Рис Витерспун и Ештон Качер во нова романтична комедија – Погледнете го трејлерот

Фаворитите за романтична комедија Рис Витерспун и Ештон Качер се здружуваат за нов филм на Нетфликс наречен „Your place or mine“ . Трејлерот штотуку е објавен на сите социјални мрежи, а премиерата не очекува веќе на 10 февруари.

Во трејлерот, Деби (Витспун) е самохрана мајка и сметководител која живее со својот син во Лос Анџелес, додека Питер (Качер) е маркетинг директор и аспирантен писател кој го сака животот во Њујорк.

Содржината започнува со искрен разговор помеѓу долгогодишни пријатели преку видео разговор. „20 години пријателство? Можеш ли да веруваш?“ Деби се зазборува, на што Питер на шега одговара: „Како тоа уште зборуваш со мене?“

Со сличен заплет како „Празникот“, Деби и Питер одлучуваат да ги заменат местата за една недела. Со тоа, гледачите се почестени со некои многу смешни, но и непријатни сцени од животот на овие два лика.

Така, Деби запознава човек по име Тео (Џеси Вилијамс). Кога работите почнуваат да се вжештуваат, Питер е сведок на размената на нежности преку неговата безбедносна камера.

Погледнете го трејлерот и подгответе се за уште едно филмско уживање.

Поврзани новости