НАЈНОВО

ЗабаваШоубиз

Се сеќавате ли на Хелга од „Ало ало“? Денес има 71 година и еве како изгледа

Веројатно сите ја знаат серијата „Ало ало“. Тоа беше хумористична приказна која се снимаше од 1982 до 1992 година, а потоа се прикажуваше на екраните со децении. Во тоа време се поставуваа постулатите на комедијата, а се после тоа можеби би се рекло дека е плагијат.

„Ало ало“ раскажуваше за она што се случувало во текот на Втората свестка војна, а актерите, публиката ќе ги запамети по нивната умешност да создадат уникатни улоги и феноменалниот талент.

Ким Хартман беше една од нив. Таа е британска актерка која остана запаметена од хумористичната серија во која ја играше неодоливата германска војничка Хелга Герхарт. Денес има 71 година и прашање е дали би ја препознале.

Имено поради нејзината улога во таа серија, Хартман своевремено стана секс симбол. Хелга, да потсетиме, беше многу амбициозен војник, позната по тоа што сака да се соблекува и да ја покажува својата секси долна облека, се со цел да напредува, пишува Index.hr.

Денес, Хартман повеќе не глуми, но со задоволство се сеќава на улогата што ја одбележа нејзината кариера. Хелга беше амбициозна, сакаше да биде девојка на Хитлер или шпион. Но, како и сите германки во серијата, и таа не беше способна за такво нешто. „Сакав да ја играм Хелга и да бидам секс симбол. Беше забавно и релаксирачко“, изјави еднаш Ким.

Интересно е како Ким заедно со Ричард Гибсон, кој го глуми господинот Флик, изведувале скечови во кината години по серијата. Таа денес живее со сопругот, исто така актер Џон Нолан, со кој е во брак од 1975 година и имаат две деца, синот Том и ќерката Миранда.

Ако сакате да знаете како изгледа актерката денес, погледнете тука.

Поврзани новости