НАЈНОВО

ВестиСвет

Снег падна во пустинските делови на Алжир

Снег падна во пустинските области во југозападниот дел на Алжир.

По два сушни месеци во регионот Башар, студен бран донесе снежна покривка, прва во последните 11 години, пишува Algerie360.

Поради снегот затворени се и неколку локални патишта.

Инаку, во Алжир, климатските аномалии зачестија во последната деценија. Во градот Аин Сефра паѓаше снег во 1979, 2016, 2017, 2018, 2021 и 2022 година.

Поврзани новости