НАЈНОВО

Свет

Спектакуларна трансформација: Откриено од што позелени познатиот голем канал во Венеција

Спектакуларната трансформација на дел од Големиот канал во Венеција во флуоресцентно зелена се должи на флуоресцеинот, нетоксична супстанца што се користи за тестирање на отпадните води, заклучија локалните власти по истрагата.

Жителите во неделата беа вознемирени од светло зелената боја на венецијанскиот канал , а полицијата потоа спроведе истрага. Се шпекулираше дека зад се стојат еколошки активисти и борбата против климатските промени.

Регионалната агенција за превенција и заштита на животната средина утврди присуство на флуоресцеин во земените мостри. Присуството на токсични материи исто така не е утврдено, пишува Гардијан.

Ова не е прв пат Големиот канал да позелени. Во 1968 година, аргентинскиот уметник Николас Гарсија Урибуру ги насликал водите на Венецијанскиот Голем канал флуоресцентно зелено за време на 34-то Венециско биенале за да ја демонстрира еколошката свест.

Сепак, за разлика од претходните случаи, ниту една активистичка група не презеде одговорност за последниот настан во Венеција.

Поврзани новости