Технологија

„Твитер“ профилите кои се неактивни повеќе од една година ќе бидат избришани

Илон Маск објави дека ќе ги отстрани сите профили од „Твитер“ кои се неактивни веќе неколку години, објаснувајќи дека неговата цел е да ја подобри платформата. Според политиката на „Твитер“, корисниците треба да се најавуваат на својот профил најмалку еднаш месечно за да избегнат трајно отстранување поради продолжената неактивност.

„Ги елиминираме профилите кои не се активни со години, па веројатно ќе забележите дека бројот на вашите следбеници се намалува“, предупреди шефот на социјалната мрежа. Откако ја купи платформата кон крајот на октомври за 44 милијарди долари, мултимилијардерот најави големи отпуштања и промени.

Аналитичарите велат дека многу корисници ја напуштиле апликацијата, а новата форма за претплата на „Твитер Блу“ е недоволна за да се компензира загубата на приход.

Поврзани новости