НАЈНОВО

ЗабаваЗанимливости

ТикТок тренд: Симнете го вишокот килограми по празниците со оваа програма

Доколку се одлучите да го доведете вашето тело во форма, ТикТок станува совршена платформа за фитнес совети, примери за вежбање, техники и диети.

Најновиот фитнес тренд од три дела, базиран на броеви, кој е популарен на ТикТок, едноставно се нарекува 3-2-8. Се работи за програма која всушност има голем ефект, а не ви треба ни посебна справа за вежбање, пишува „wellandgood.com”.

Програмата се содржи од три интензивни тренинзи, два пилатес тренинзи и печашење 8 000 чекори дневно.

Секојдневното пешачење и пет тренинзи неделно е фитнес план кој е универзално прифатен. Без разлика дали сте лекар, сертифициран тренер или холистички тренер, тешко ќе ви биде да најдете експерт кој ќе ве оддалечи од програма од ваква природа. Комбинацијата на придобивки за градење на мускули и издржливост, за подобрување на расположението, за подобра подвижност и флексибилност, за стимулирање на циркулацијата и за спречување на повреди од различни активности ја прави оваа програма совршен тренд за сите луѓе кои се спремни за промена.

Сертифицираната тренерка Линдзи Бомгрен објаснува дека тоа е исклучително добро заокружена рутина за вежбање која ги охрабрува оние кои сакаат тренинзи за сила и сакаат да ги комбинираат мобилноста, рамнотежата и основниот тренинг преку часови по пилатес.

„Пешачењето во текот на денот е одлична форма на кардио тренинг кој често е полесен за телото отколку трчањето. Да не зборуваме за пешачењето надвор, кое носи цела низа придобивки за менталното здравје“, објаснува инструкторката Лес Алфред.

Како сертифицирана инструкторка по јога, Алфред додава дека јогата може да биде убав додаток на вежбањето со мал интензитет, наместо или во комбинација со пилатес.

Некои експерти истакнуваат дека на рутината и недостасува умерено или високоинтензивно кардио, освен ако не ги правите вежбите со доволно брзо темпо. Центрите за контрола и превенција на болести препорачуваат најмалку 150 минути со умерен интензитет или 75 минути енергични аеробни вежби неделно, па затоа имајте за цел да го забрзате темпото да можете навистина да го поттикнете работењето на срцето.

Поврзани новости