НАЈНОВО

Битола инфо

Титулата на РК Еурофарм Пелистер со гала свеченост во Голд Фелициа

Шампионот на Македонија за оваа сезона РК Еурофарм Пелистер со гала свеченост во Голд Фелициа ја прославија титулата организирана од пријателите и спонзорите на клубот Голд Фелициа, СН Финансии и Евротип.

На свеченоста зборуваа претседателот Зоран Стерјев, спортскиот директор Димитар Митревски и претставници на стручниот штаб на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.

Манифестацијата заврши со шампањ, шампионска песна и фотографија за спомен на незаборавната година.

Заеднички спомени, многу емоции и свечени подароци Еурофарм Пелистер се раздели со ракометарите кои на крајот од оваа сезона го напуштаат клубот: Гоце Ојлески, Милорад Кукоски, Мартин Велковски, Себастијан Хенеберг, Мохамед Суси, Усама Хосни и Бојан Маџовски.

На истек од договорот Еурофарм Пелистер 2 го напуштаат Мартин Јовановски и Никола Сто илевски.

Поврзани новости