НАЈНОВО

АвтомобилиЖивот

Топ 100 најпродавани автомобили во 2022 во Европа

JATO Dynamics објави топ листа од најпродаваните 100 автомобили за изминатата година на Европскиот континент.

За прв пат по 14 години доминација на пазарот во Европа, иконската ознака Volkswagen Golf е симната од тронот од страна на малиот Peugeot 208. Последниот пат кога претходно Peugeot се најде на водечката позиција беше во 2007 година со моделот 207.

Компактниот Golf изгуби 5 позиции како последица на проблеми со софтверот и поголема конкуренција од неговите кросоверски браќа. Таков пример е моделот T-Roc, кој беше уште поуспешен и заврши на третото место.

Dacia Sandero е сеуште блиску до врвот, откако презема повеќе продажби од роднината Renault Clio – уште еден губитник во минатата година.

Fiat 500 се задржа во првите 5 благодарние на електричната изведба, која станува се попопуларна. Корејскиот SUV модел Hyundai Tuscon се искачи на топ 10 листата за прв пат во историјата.

Tesla Model Y се најде на 13тата позиција, со што ја надмина 17тата позиција која ја постигна Tesla Model 3 во 2021.

Целосната листа можете да ја погледнете на сликите во продолжение, на нив се прикажани и позициите кои моделите ги имале во 2021 година, бројката на продадени единици и процентуалната разлика од претходната година.

Поврзани новости