НАЈНОВО

Настани

„Торонто експрес“ на 24. Фестивал на монодрамата во Битола

На 24. Интернационален театарски фестивал на монодрамата во Битола, Македонскиот народен театар учествува со монодрамата „Торонто експрес“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, а во изведба на актерот Александар Микиќ, која ќе се одигра вечерва на големата сцена во Центарот за култура.

На фестивалската програма учествуваат професионални актери од единаесет земји (Црна Гора, Естонија, Косово, Израел, Србија, Монголија, Италија, Шпанија, Хрватска, Литванија и Македонија), а ќе бидат изведени тринаесет монодрами, од кои три од Македонија, а две ќе бидат надвор од програмата.

„Торонто експрес“ е една од најбараните и најпродавани претстави од репертоарската програма на МНТ, а овој пат на фестивалот ќе биде одиграна со публика на сцена и ќе биде титлувана на англиски јазик. Како што известија од фестивалот, комисијата оваа година ќе биде во состав: Нина Мазур (која на состанокот на УНЕСКО е изгласана за потпретседателка на интернационалната монодрама), Николај Урумов (актер и режисер од Бугарија) и нашиот актер Сашко Коцев.

Поврзани новости