НАЈНОВО

Прилеп инфо

„Тојота“ прегази маж во Прилеп, со тешки повреди пренесен во болница

Вчера во 13.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека патничко моторно возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот Б.Т. од Прилеп удрило во неговиот сограѓанин 50-годишниот П.Н. Настанот според полицијата се случил на ул.„Васко Карангелески“ во Прилеп.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.

Увидот го извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Поврзани новости