НАЈНОВО

Битола инфо

Традиционален настан на КУД Илинден во Голд Фелициа во Битола

По повод денот на независноста на нашата татковина, Голд Фелициа втора година по ред организира настапи во духот на традиционалните вредности со кои се акцентира потребата од негување на македонското духовно и материјално културно наследство.

КУД „ИЛИНДЕН” најпознатиот битолски фолклорен ансамбл, со својот настап и оваа година беше дел од одбележувањето на празникот на независноста 8 септември.

Преку слики ви доловуваме дел од настапот на КУД “Илинден” кој на уникатната сцена од Голд Фелициа го прикажаа својот Музичко сценскиот проект “На Паниѓир” – Ора и песни од Јужномакедонската Етнографска Целина (Јужно Играорно Подрачје).

Поврзани новости