НАЈНОВО

Прилеп инфо

Традиционално во Прилеп денес се организира рекреативната тура „Сите на велосипед“- 2023

Традиционално во Прилеп денес се организира рекреативната тура „Сите на велосипед“- 2023.

Голем број на велосипедисти учествуваа во денешната тура во Прилеп.

“Воедно уште еднаш сакам да го честитам големиот празник 24 мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, кои што ни го подарија најголемото богатство, писменоста! Честити имендени на сите кои денес слават, да сте здрави и живи, за многу години!
Голема благодарност упатувам до Велосипедскиот клуб „Илинден“ кои што се организатори на овој настан, заедно со нас како Локална самоуправа како покровители и поддржувачи на оваа манифестација.

Ми претставува огромно задоволство што денес гледам навистина голем број љубители на велосипедизмот и на спортот воопшто. Возењето на велосипед пред се го зајакнува здравјето а исто така претставува превозно средство кое што не ја загадува нашата животна средина и со кое што многу побрзо и поедноставно ќе стигнете до вашата дестинација. Па затоа поради сите овие добри и корисни причини сакам да апелирам до сите наши сограѓани што повеќе да ги користат своите велосипеди и да го чуваат и одржуваат своето здравје и во исто време да ја чуваат животната средина.

Сакам да ја искористам оваа прилика и да истакнам дека за многу скоро време Општина Прилеп ќе го распиши Јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипеди за граѓаните на општина Прилеп.
Голем поздрав до сите денешни учесници за успешно реализираната тура ,,Сите на велосипед” – Прилеп, 2023.” – истакна градоначалникот Јованоски.

Поврзани новости