НАЈНОВО

ОстанатиСпорт

Успешна година за битолчанецот Ристо Димитров-Чурино кој се закити со многу медали и признанија

Ова беше успешна година за Ристо Димитров-Чурино од Битола, кој живее и работи во државата Оман. Сите негови подвизи достигнаа успех и неговата упорност на патот кон совладување на целта е за голема пофалба.

Имено Чурино, од Септември до крајот на 2022 година, направи еден подвиг кој не им успеал на многумина. Станува збор за 9 трки кои Ристо Димитров ги истрча во 4 месеци на најразличен терен со препреки и најразлична елевација на терен.

– Почнав во Септември со Сохар Полумаратон во Сохар, Султанатот Оман 21 километар во град, – вели Димитров и породлжува – Потоа отидов на 1000 километри на југ во близина на Јеман во градот Салалах. 

Нашиот успешен битолчанец меѓу другото ни раскажа и дека таму истрчал Спартански трки, од кои едната била 10 км со 25 препреки на тежок терен, а другата 5 километри со 20 препреки.

Ноември месец, Ристо истрча 2 трки во главниот град на Оман. Едната била 21 километар, а другата 5 километри.

Веднаш после тоа, неуморниот битолчанец заминал седум дена во Индија на Светско првенство, стар стил на џудо, за на 1ви Декември да го направи најголемиот подвиг, трка на 100 километри на тежок планински терен со елевација од 400 до 280 метри надморска височина.

Ристо Димитров-Чурино, натпреварувачката сезона ја заврши со Spartan race Trifecta weekend во Muscat. Заврши со три трки (21 километар и 35 препреки, 10 километри и 25 препреки и 5 километри и 20 препреки освојувајќи девет медали, еден trifecta weekend медал и едно посебно признание.

Големо браво за нашиот неуморен битолчанец кој повеќе од сигурно е дека треба да ни биде пример и мотивација за оваа нова година.

Поврзани новости