НАЈНОВО

Битола инфо

Утре голем спектакуларен концерт на Халид Бешлиќ во Голд Фелициа

Утре вечер во “Gold Felicia” голем спектакуларен концерт на Халид Бешлиќ со почеток од 21 часот.

Бешлиќ со голем број на публика ќе ни ги отсвири сите хитови од неговата богата музичка кариера, како: „Miljacka“ „Prvi poljubac“ „Ja bez tebe ne mogu da zivim“ и уште многу други, со кои дефинитивно ќе ви ги разигра и разнежни срцата.

Без сомнение можеме да кажеме дека Халид Бешлиќ веројатно е еден од најпопуларните пејачи на Балканот кој секогаш ги полни срцето и душата на неговата публика.

„Музиката не е професија, музиката е нешто кое многу го сакам и така ќе биде до самиот крај“ – токму оваа негова изјава најдобро го опишува неговиот пристап кон музиката во која навистина ужива, но и почитта за своите фанови кои со години го следат на секој негов концерт.

Првиот сингл „Gresnica“ го сними во 1979 година, кога започна неговиот нагорен пат кон успехот и популарноста на босанската и балканската естрада. Резултатот од работата на Халид од 1979 до сега се 22 објавени студиски албуми, кои се продадени во милиони копии, а во текот на неговата долгогодишна кариера добитник е на бројни награди и признанија.

Картите за концертот се веќе пуштени во продажба и истите можете да ги најдете преку продажната мрежа на
Голд Фелициа – Битола,
Евротип Битола – Широк Сокак,
Евротип Битола – Партизанска,
Евротип Ресен
Евротип Прилеп – Катна

Цемата е 900 ден, на врата картите се по цена од 1.100 денари.

Повеќе Инфо и резервации:
📞 075 316 974
➡️ Новачки Пат бр.14, 700 Битола
🌐 www.goldfelicia.mk

Поврзани новости