НАЈНОВО

Македонија

Утре на полноќ одмрзнуваат замрзнатите цени

По дава месеци замрзнати цени на дел од прехранбените производи, во четврток завршува оваа владина мерка која имаше за цел да ја заузда инфлацијата но и да ја подобри куповната моќ на граѓаните. Мислењата на граѓаните се поделени во однос на ефектот кој е постигнат од мерката, а пак на терен инспекторите затакнаа голем број на нерегуларности од страна на несовесно трговци. И стопанствениците со различни ставови во однос на мерката за замрзнување на цените, но едногласни се дека нагорна корекција односно драстично поскапување нема да се случи.

Цените на прехранбебите производи кои беа ограничени со владина мерка пред велигденските празници од четврток е можно да се зголемат. Такви се очекувањата на граѓаните кои веќе започнаа да реагираат и да бараат одговори од властите преку социјалните мрежи и медиумите.

Денар стапи во контакт се мелничко – пекарската индустрија од каде ни соопштија дека не планираат да ги зголемуваат цените на своите производи, односно граѓаните да не стравуваат дека лебот кој сега се продава по 33 денари ќе добие цена иста како пред замрзнувањето на цените, велат дека тоа нема да се случи. Нивните пресметки се дека за време на овие два месеци пекарскиот сектор има сериозна загуба, односно околу 50 илјади евра за малите и над 300 илјади евра за големите пекари.

Извор: Денар.мк

Поврзани новости