НАЈНОВО

ЖивотМода и убавина

Фустанот кој се „појави“ на изборот на мис универзум, го воодушеви светот со приказната што се крие зад него

Иако не заврши меѓу првите три, девојката која привлече големо внимание во јавноста во последните денови беше Ана Суангам-иам, која го претставуваше Тајланд на изборот на мис универзум.

Тоа го направи благодарение на уникатниот вечерен фустан во кој се појави на сцената три дена пред главниот избор, на прелиминарниот натпревар на 71-от избор за Мис Универзум.

Освен што ја воодушеви публиката со својот избор, фустанот што го носеше собра и повеќе од 225.000 лајкови откако Ана Суангам-иам го објави на Инстаграм. Имено, зад оваа креација се крие посебна приказна.

За почеток, фустанот е направен од отворачи за конзерви, но има причина за тоа.

Мојот фустан – моја лична порака до универзумот, девојката ја започна приказната и под фотографијата објавена на Инстаграм објасни дека инспирација за фустанот била средината во која пораснала.

Растејќи со родители кои собираат ѓубре, моето детство беше опкружено со купишта отпадоци и средства за рециклирање.

Овој уникатен фустан е намерно направен од фрлени и рециклирани материјали, поточно од отварачи за конзерви, за да му покаже на универзумот дека она што многумина го сметаат за безвредно, всушност има своја вредност и убавина, напишала Ана Суангам-иам и им се заблагодарила на сите што го виделе.

Нејзините следбеници во коментарите и кажаа дека фустанот е прекрасен, како и приказната зад него.

За изработката на вечерниот фустан беше задолжена екипата на тајландскиот бренд Manirat. Тие употребија стотици алуминиумски отворачи за конзерви, дополнително украсувајќи го фустанот со кристали Сваровски.

Девојката која блесна во тој фустан има 24 години. Таа е родена и израсната во сиромашен кварт во Бангкок, а во еден момент нејзиното семејство ја испратило во храм за да ја заштити од небезбедна средина.

Таа пораснала меѓу будистички калуѓерки, а нејзините оброци главно се состоеле од остатоци за монасите.

За да се образува морала да работи разни работи. Така таа самата собирала пластичен отпад и шишиња, но и чистела јавни тоалети. Личното искуство ја навело да започне да се занимава со прашањето за достапноста на образованието во Тајланд.

Ана Суангам-иам сега се надева дека нејзиното учество на натпреварот за Мис Универзум ќе и помогне да ги приближи проблемите на децата од сиромашните заедници до јавноста. Во моментов работи со голем број тајландски непрофитни организации.

Поврзани новости