НАЈНОВО

ЖивотМода и убавина

Фустанот на Лејди Ди е продаден за повеќе од 600.000 долари

Фустанот што го носеше принцезата Дијана е продаден за 604.800 долари по „жестоко наддавање“, објави аукциската куќа Сотби на Твитер.

„Иконскиот фустан на принцезата Дијана на дизајнерот Виктор Еделштајн достигна цена од 604.000 долари, скоро 500.000 долари над проценката – по круг жестоко наддавање во аукциската соба ,,SothebysNewYork“, се вели на Твитер.

Фустанот ја „запечати својата судбина како највредниот фустан некогаш продаден на аукција“.

Проценет помеѓу 80.000 и 120.000 долари, тој беше дел од колекцијата од 80 фустани на принцезата Дијана кои беа продадени на аукција во 1997 година за добротворни цели. Тогаш креацијата на Еделштајн беше продадена за 24.150 долари и остана во истите раце, но не откриено кој е новиот сопственик.

Поврзани новости