НАЈНОВО

Економија

Цените на нафтата благо пораснаа по четири недели пад

На светските берзи цените на нафтата пораснаа минатата недела, по четири недели пад, но тргувањето беше неизвесно поради забавувањето на растот на западните економии, што ќе ја ослаби побарувачката за „црното злато“.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 1,9 отсто, на 75,58 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 2,3 отсто, на 71,69 долари.

Во средината на неделата цените пораснаа благодарение на веста дека до крајот на неделата демократите и републиканците во САД би можеле да постигнат договор за зголемување на државното задолжување, па Конгресот може да го поддржи тој договор следната недела.

Сепак, тоа се случи дури во петокот, па тој ден цените на нафтата изгубија дел од претходните добивки.

Поврзани новости