НАЈНОВО

ЖивотПатувањa

Чудо на земјата – Овој остров постојано се врти во круг

Островот Ел Охо е чудо на земјата. Со пречник од околу 120 метри, е во речиси совршена кружна форма, а она што е специфично и необјасливо за него, е континуираната ротација околу сопствената оска.

Имено, островот се наоѓа во делтата на реката Парана во североисточна Аргентина и бил откриен во 2016 година од аргентинскиот режисер Серџо Нојспилер. Серџо барал локација за неговиот филм за паранормални феномени. Дури кога се вратил на тоа место, сфатил дека островот ја сменил својата позиција, а движењето било потврдено со сателитски снимки на Google направени во различни периоди. Снимките покажаа и дека островот постои во делтата на реката Парана дваесет години, од 2003 година.

Сепак, има објаснување. Пловечките острови постојат насекаде низ планетата. Тие се формираат кога корените на речните растенија се одвоени од дното бидејќи водата станала премногу длабока. Вообичаено е да се движат, т.е ветерот ги движи напред-назад.

Во езерото Титикака, на пример, група од 120 вакви пловечки острови се населени од племето Уру, но тие бараат постојано одржување поради нивната деликатна и нестабилна структура. Сепак, за разлика од нив, Ел Охо е изненадувачки цврст и компактен.

Поврзани новости