НАЈНОВО

ЗабаваШоубиз

Шакира го полуди интернетот – Во новата песна дирекно му се обраќа на Пике и не е баш нежна

Светски познатата пејачка Шакира има нова песна која крена доста прашина најповеќе поради нејзината содржина.

Имено, многумуна тврдат дека текстот е како еден вид изјава што пејачката никогаш не ја даде пред будните новинари.

Долгопасукаваните одговори од нивна страна во врска со нејзинот став околу разводот со сопругот Пике, сега ги има во текстот. Песната е на шпански, а во неа, навидум затскриено, се  споменуваат двете имиња. На Пике и на неговата нова девојка Клара.

Меѓу редовите во текстот, Шакира истакнува: „Преголема сум за тебе, затоа си со некоја како тебе“.

-Кога ми требаше, ми ја даде најлошата верзија од себе, пее понатаму Шакира, а овој дел го поврзуваат со периодот на нивната разделба кога во исто време нејзиниот татко беше хоспитализиран во тешка здравствена состојба.

Пејачката и фудбалерот кои имаат два сина, во јуни 2022 година објавија дека се разделуваат по 11 години поминати во брак.

Поврзани новости