НАЈНОВО

Балкан

Швајцарија одобри влез без визи за косовските граѓани, но не и за работење

Швајцарската Влада денес ги ослободи граѓаните на Косово од барања за визи, јавува Анадолу.

„Косово ги исполни условите за визно ослободување во однос на безбедноста, граничната контрола и управувањето со миграцијата“, се вели во соопштението на швајцарскиот државен Секретаријат за миграции.

Швајцарија го наведе усвојувањето на Шенген-регулативата од страна на релевантните тела на Европската Унија овој април, со која косовските граѓани со биометриски пасоши се ослободуваат од барања за виза за престој од 90 дена или помалку.

„Како Шенген-земја, Швајцарија се обврза да го усвои понатамошниот развој на правото на Шенген“, додаде Секретаријатот, мислејќи на Шенген-зоната што ја укина граничната контрола, главно, составена од земји на ЕУ, но, исто така, вклучува и земји што не се во блокот, како што е Швајцарија.

Сепак, повторно ќе биде потребна виза за да се добие профитабилна работа во Швајцарија.

На косовските државјани ќе им биде дозволено да се вработуваат само под услов да се професионално добро квалификувани и во случај да не може да се најдат еквивалентни работници на швајцарскиот пазар на труд или во земјите на ЕУ/ЕФТА, додаде Секретаријатот. Косово не е членка на ЕУ.

Покрај тоа, мора да се почитуваат вообичаените услови за плати и работа. Усвојувањето нa Шенген-дополнувањето бараше промена на швајцарската визна регулатива што ќе стапи на сила на 1 јануари 2024 година.

Поврзани новости