НАЈНОВО

ОстанатиСпорт

Ѓоковиќ не можел да прослави како што посакува, до три часот наутро бил на допинг контрола

Новак Ѓоковиќ се врати на врвот на АТП листата откако вчера во финалето го победи Стефанос Циципас со 3:0 во сетови. Но, Ѓоковиќ по големата победа не можел да слави како што посакува.

Српскиот ас денес со освоениот пехар излезе пред медиумите каде што откри дека морал да биде на допинг контрола до три часот наутро. Новинарите го запрашале како се чувствувал по победата и како прославил, а Новак низ насмевка одговорил.

„Почувствував огромно олеснување по завршувањето на турнирот и целото патување во Австралија, а прославив со медиумите и допинг контролата. Во сместувањето се вратив во три часот наутро, беше навистина долга ноќ. Претпоставувам дека прославата ќе следи кога ќе се вратам во Европа“, изјави Ѓоковиќ.

Утрово Ѓоковиќ се огласи и на неговиот Инстаграм профил каде што зборуваше додека го држеше освоениот пехар.

Поврзани новости