НАЈНОВО

ЗабаваЗанимливости

Ја лажирала својата смрт на Фејсбук за да не врати долг

Многумина се нашле во непријатна ситуација да позајмуваат одрдена сума на пари иако не се сигурни дека истата можат некако да ја вратат. Но, до каде може да оди таа панична приказна и какви бесмислици може да измисли човечкиот ум?

Станува збор за индонезијката Лиза Деви Прамита која се најде обвинета дека ја лажирала сопствената смрт на Фејсбук за да избегне враќање на сумата на пари што ја позајмила од нејзизна наводна пријателка. Стаува збор за сума од 220 фунти, а во „небрано“ за да го избегне долгот, оваа жена постирала фотографии и објави дека е мртва.

Маја Гунаван, жената од која биле позајмени парите, тврди дека Лиза не можела да ги врати, па затоа побарала продолжување. Маја се согласила на барањето на Лиза и и дала повеќе време да ги врати парите. Меѓутоа, дури се наближувал вториот рок, ќерката на Лиза на Фејсбук објавила дека Лиза трагично загинала во сообраќајна несреќа.

Шокантно, таа продолжи да објавува фотографии од „нејзиното“ мртво тело на интернет. Но, наскоро Гунван се посомневала  во објавата кога ќерката на Лиза открила дека нејзината мајка ќе биде погребана во Ачех Тамианг, провинцијата Аче, Индонезија.

Сомнежот го подгрела тоа што локацијата била далеку од домот на починатиот, а фотографиите биле користени од интернет.

Сепак, и покрај признанието, Лиза наводно исчезнала без трага, а Маја допрва треба да ги добие парите.

Поврзани новости