Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

10 години од возобновувањето на Камерен Оркестар на Битола

admin 05/07/2023 00:00
10-godini-od-vozobnovuvanjeto-na-kameren-orkestar-na-bitola-30_copy

На 03.07.2023 во Центар за култура Битола, се одржа Свечена Академија по повод 10 години од возобновувањето на Камерен Оркестар на Битола.

На настанот присуствуваа министерката за култура д-р Бисера Костадиновска Стојчевска, градоначалникот на општина Битола д-р Тони Коњановски, претставници од познати македонски компании како ⋮IWConnect, Kromberg & Schubert, Јосифов Автомобили, Цермат и останати поддржувачи на Камерен Оркестар на Битола, на кои им беа доделени плакети и благодарници за нивниот придонес во подемот и развојот на Камерен Оркестар на Битола.

Камерниот оркестар постои повеќе од 4 децении, на почетокот бил воден од професорите Кирил Петков и Зоран Маневски, и бил составен од музичари, ентузијасти кои што ја негувале љубовта кон музиката и успеале да го формираат оркестарот кој што полека развивајќи се низ годините, денес е веќе многу добропознат бренд низ целиот Балкан.

По неколку години пауза, во 2013 година се роди идејата за возобновување, популаризација и доближување на оркестарот до пошироката публика, и таа идеја се реализира од диригентот, виолист и аранжер Владимир Димовски и виолистот и професор во Средното музичко училиште во Битола, Никола Трајановски. На 04 јули 2013 Камерниот оркестар на Битола го одржа својот прв концерт „За моја Битола“ во пациото на музејот во Битола на кој што се изведоа најубавите староградски битолски песни, а гости беа повеќе македонски изведувачи.

И покрај тоа што Камерниот Оркестар постоел повеќе од 40 години, до пред извесно време тој немаше статус на институција каде музичарите би биле вработени, па отсекогаш функционираше на проекти. Но, таа ситуација од неодамна се промени, и на овој свечен настан освен што се прослави 10 годишнината од возобновувањето на Камерен Оркестар на Битола, се прослави и неговото формирање како национална институција.

На самиот настан Владимир Димовски, директор, а воедно и диригент на Камерен Оркестар на Битола, изјави „Нашиот прв концерт беше за Моја Битола, во пациото на Музејот на 4 јули 2013 година, по што следуваа бројни настани со кои веруваме дека ја воодушевивме публиката. Нашата желба да се продолжи традицијата на Камерниот oркестар поддржана од интересот на македонскиот народ за квалитетна музика резултираше во продолжување на сонот по пауза од неколку години, и денес не донесе баш тука, да славиме 10 години од неговото возобновување.

Благодарен сум им на сите членови на Камерниот Оркестар кои придонесоја за неговиот успех, и неговото прераснување во познат македонски бренд. Низ овие 10 години, Камерниот оркестар имал голем број на концерти и концертни настапи во Македонија и на Балканот, и можеби следниве информации нема да звучат скромно, но фактите се тие и ние сме горди на нив – имаме реализирано над 140 концерти, од кои повеќе од 10 биле низ Балканот на најголемите фестивали, па се до Прага минатата година. На истите присуствувале над 200 илјади публика. Периодот со КОВИД-19 беше единствената година во која бевме спречени да направиме повеќе концерти, но сепак среќни сме што и тогаш одржавме неколку концерти.

Гледано од перспектива на членовите на оркестарот, мило ми е што имаме членови кои се од самиот почетокот на оркестарот, и кои придонесуваат за неговиот успех. Доколку зборуваме во бројки, од здружението Мјузик Арт кое го застапува Камерниот оркестар на Битола, хонорар зеле околу 230 луѓе а дел од нив зеле повеќе од 100 пати. Без нив, Камерниот оркестар не би бил тоа што е денес.

Да се почне од почеток и со ограничени финансии е тешко, сите тоа го знаеме, па затоа јас исто би им се заблагодарил и на сите поддржувачи изминатите години кои несебично ни помогнале, дали финансиски, или на некој друг начин да стигнеме до ова што сме денес.

И секако, огромна благодарност изразуваме и до Министерство за култура, особено министерката Бисера Костадиновска Стојчевска за нејзините заложби Камерниот оркестар да стани национална институција, по што нашиот десетгодишен сон да сме национална инситуција со вработени сега е веќе реалност.“

Плакети за благодарност добија:

Министерство за култура, министерката д-р Бисера Костадиновска Стојчевска заедно со Марија Магдалена Микаровска Петковска за заложбите Камерен Оркестар на Битола да прерасне во национална институција,
Општина Битола, градоначалникот д-р Тони Коњановски и Борче Димитровски, за нивната поддршка и придонес во подемот и развојот на Камерен Оркестар на Битола,
Центар за култура – Битола, и директорката на Центар за култура Маја Андоновска Илијевски за големиот број на проекти кои се реализирани во самиот центар за култура, како и за поддршката во развојот и подемот на Камерен оркестар на Битола,
Кирил Петков и Зоран Маневски за поставување на осноите на Битолски Камерен Оркестар, а сега Камерен Оркестар на Битола,
Валентин Наумов, Никола Трајановски, Владимир Цветковски и Дејан Арсиќ – тимот на Камерен Оркестар кој несебично помага во реализацијата на проектите на Камерен Оркестар на Битола,

Генералниот спонзор на Камерен Оркестар на Битола – ⋮IWConnect, кој го следи Камерниот Oркестар на Битола во секој чекор, настан и концерт повеќе од 6 години,
Кромберг и Шуберт, БВ Инжинеринг и Јосифов Автомобили за нивниот придонес во подемот и развојот на Камерен Оркестар на Битола.
Плакета за благодарност доби и маестро Владимир Димовски главниот виновник за осмислување и реализација на сите проекти на Камерниот оркестар на Битола, и човекот кој се залагаше Камерниот Оркестар на Битола да стани национална институција.

Настанот продолжи со мал коктел во фоајето на Центар за култура – Битола.

Continue Reading

Претходно: Уставниот суд одлучи привремено да нема етничка графа во изводите
Следно: Голема акција на МВР, уапсени 15 лица во Скопје, Битола и Ресен

Поврзани вести

granata
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

Шеталиште 07/10/2026 07:04
798ff3dd-15d4-db1d-2107-36fa593314ad
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Кузмановски со 15 погодоци лидер на Еурофарм Пелистер кој испушти победа на гостувањето во Полска

Димитар Петковски 06/10/2026 21:45
img_4013-1536x1135
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поразена по четврт пат во Лигата на Нации, Швајцарија ги искористи нашите грешки

Димитар Петковски 06/10/2026 21:18
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар M79_0274-2048x1367 1
  • Економија

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

08/10/2026 10:41
Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци 20261007181811_big_730x400_53 2
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

08/10/2026 07:48
До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари denari-plata-600x360_1000x666-1 3
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

08/10/2026 07:38
Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти alkohol-prodazba 4
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

08/10/2026 07:07
Ја славиме Преподобна Ефросинија Svekji-Crkva-2_1000x666-1 5
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

08/10/2026 06:50

Можеби сте пропуштиле

capture-6
  • Настани

„Поетскиот слем Македонија“ по 16. пат во Прилеп

Шеталиште 08/10/2026 13:42
M79_0274-2048x1367
  • Економија

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

Шеталиште 08/10/2026 10:41
20261007181811_big_730x400_53
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

Шеталиште 08/10/2026 07:48
denari-plata-600x360_1000x666-1
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

Шеталиште 08/10/2026 07:38

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани