Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Некатегоризирано

110 млади музичари од десет земји на годинешниот седми Интернационален пијано натпревар – Пијано фест 2025

admin 01/06/2025 00:00
att8

Во свечената сала на Офицерскиот дом во Битола, кој е храм на класичната музика, во тек е седмото издание на Интернационалниот пијано натпревар – Пијано фест2025. Истиот беше отворен со настапот на Камерниот оркестар Битола и лауреатот на Пијано фест 2024, Златица Лазарова.

Организатор на настанот и натпреварот е Здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО Битола, во соработка со Културно-информативниот центар од Битола Битола и со поддршка од Општина Битола и Министерство за култура.

„Пијано фест“ е меѓународен натпревар на кој оваа година настапуваат 110 млади музичари од 10 земји ширум светот, носејќи нова енергија и талент на македонската музичка сцена.

Оваа година натпреварувачите се поделени во три категории: Пијано соло, Пијано четирирачно и Теоретски отсек облигати.

Програмата е по слободен избор, но опфаќа најмалку две стилски различни епохи и не ја надминува дадената минутажа за секоја категорија поединечно. Комисијата на натпреварот е составена од еминентни пијанисти и педагози од Македонија и странство и тоа: Тереза Тревисан од Италија, Паола Кондакци Албанија, Душан Сутон Србија, Ана Гацева Македонија и Гоара Лазиќ, Русија / Србија.

Сите кои изведуваат дела од Фредерик Шопен, ќе настапат на завршната вечер и имаат можност да се натпреваруваат за наградата „Јасминка Чакар“, која вклучува: Парична награда од 300 евра и плакета. Оваа награда е воведена во чест на истакнатата македонска пијанистка и професорка Јасминка Чакар и нејзината љубов кон музиката.

Здружението ПИЈАНО ја промовира класичната музика и вредностите кои таа ги носи сама по себе. Формирано во 2018 година од професионални педагози по пијано како и од група ентузијасти и љубители на класичната музика, ова здружение има за цел да го подигне нивото на музичката култура, културата за слушање на класична музика, како и да имплементира еден нов начин на едукација на младите таленти кои што во иднина ќе ја продолжат музичката традиција, преку интернационални проекти, семинари, работилници, мастеркласи.

Здружението ПИЈАНО исто така ги стимулира, поттикнува и мотивира младите музички надежи од нашиов град, од државава и пошироко за развој на нивниот талент и интеркултурна размена на искуства и идеи и со таа цел организира активности во текот на целата година.

Приказната „Пијано фест“ започнува во 2019 година, со идејата за културно раздвижување, а резултира со успешен настан и учесници не само од Македонија, туку и од Србија, Италија, Албанија, Ермениа, Косово, Полска, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, Малта и други земји. Од година во година интересот за натпреварот е се поголем, и големото “Пијано фест семејство” се повеќе расте. Битола живее во звуците на пијаното.

Continue Reading

Претходно: Во среда започнува со работа новиот центар за полагање на возачки испити во Битола
Следно: Нови летови од Скопје до Анкара, Дијабакир и Чукурова

Поврзани вести

  • Некатегоризирано

словачка-=/*95+4ќч

Димитар Петковски 12/05/2026 17:26
image-249416
  • Некатегоризирано

Денеска се празнува Благовештение на Пресвета Богородица – Благовец

Шеталиште 07/04/2026 06:10
venko-filipche
  • Некатегоризирано

Филипче ја презентира новата предлог-програма на СДСМ, предвидува нула корупција и зголемени плати и пензии

Шеталиште 27/03/2026 15:45
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали u-16 1
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали

12/05/2026 17:09
31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана policija-8 2
  • Прилеп инфо

31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана

12/05/2026 12:07
18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола 3policija-420x240-138854-1 3
  • Битола инфо

18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола

12/05/2026 12:07
21-годишник од прилепско нападнат и прободен со остар предмет кај Бит Пазар napad-noz-960x636-640x424 4
  • Прилеп инфо

21-годишник од прилепско нападнат и прободен со остар предмет кај Бит Пазар

12/05/2026 12:05
Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори станови зграда 5
  • Македонија

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори

12/05/2026 12:04

Можеби сте пропуштиле

  • Некатегоризирано

словачка-=/*95+4ќч

Димитар Петковски 12/05/2026 17:26
u-16
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали

Димитар Петковски 12/05/2026 17:09
policija-8
  • Прилеп инфо

31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана

Шеталиште 12/05/2026 12:07
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола

Шеталиште 12/05/2026 12:07

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани