КС групација како збир на општествено одговорни компании повеќе пати годишно организира крводарителски акции.
Оваа среда на 9ти октомври од 9 до 13 часот ќе се одржи новата крводарителска акција која ќе биде од отворен тип.
Менаџментот на КС Групација ги повикува своите вработени, како и сите граѓани кои ги негуваат хуманите вредности и кои сакаат да даруваат крв, да дојдат во канцелариите на Евротип, кои се наоѓаат на адреса “Булевар Први мај – 344” (кај поранешна кланица), од страната на реката Драгор и да учествуваат во акцијата.