Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

130 пожари на отворено во Прилеп од почетокот на годината, стрништата се главен проблем

admin 27/02/2023 00:00
MG_0914-1

И покрај апелите на сите надлежни институции дека палењето на стрништата ја загрозува целата околината и воопшто не го зголемува приносот на житните култури, земјоделците во прилепско продолжуваат со оваа штетна стара навика. Од Нова година до денес има околу 130 пожари на отворен простор. Токму затоа беше свикана седница на Регионалниот кризен штаб за општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Со апел дека ќе следуваат казни за палењето стрништа пред некој ден излезе и МВР.

„Да не палат стрништа, тој апел ќе биде проследен и во писмена форма преку Министерството за земјоделие, подрачни единици од Инспекторатот за земјоделие во сите подрачни места, инспекторите за сточарство исто така ќе ги опоменат сточарите, во писмена форма ќе бидат исто така опоменати, со цел овие последици од пожари на отворен простор да ги избегниме навремено“, истакна Илко Петкоски, раководител на ПО РЦУК Прилеп.

На овој Регионален кризен штаб освен за пожарите се разговараше и за поплавите, односно дали се исчистени каналите во полињата и колку тие се подготвени да ја примат целата вода која ќе надојде во нив на пролет. Со години остануваат нерешени некои стари критични точки, за некои се барало решение, други пак остануваат во старата состојба.

„Тие се стари точки, не можеме да кажеме дека Дабничка река нема да направи проблеми, бидејќи се фрла смет. Колку и да се чисти, постојано се полни, од мостот кај Димо Наредникот, ете во план е, градоначалникот спомна дека се планира уредување на речното корито. Долненска општина исто има критични точки, знаеме дека минатата година имавме во Лажани, но тука има проблеми и со урбанизмот, каде има бесправни градби и во каналскиот дел од мрежата. Кај Секирци горе реката стално наноси има, значи Водостопанство на сите тие критични точки со оние ресурси што ги има работи. Е сега колку ќе сработат и колку ќе отстранат, но исто така зависи и каков ќе биде интензитетот на тие поројни дождови“, додаде Петкоски.

Беше упатена порака дека е потребно поголемо издвојување на средства од страна на државата за чистење на каналите и речните корита како и поголема координација помеѓу надлежните министерства и институциите за да во иднина се спречат овие појави.

Continue Reading

Претходно: Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд
Следно: МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Поврзани вести

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18
SFERA1
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

Шеталиште 13/08/2026 11:43
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео) FB_IMG_1786658331932 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

13/08/2026 21:59
Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики mnr-1 2
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

13/08/2026 21:58
Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер pozar-loznani 3
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

13/08/2026 21:49
КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид FB_IMG_1786631968953 4
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

13/08/2026 15:18
Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија SFERA1 5
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

13/08/2026 11:43

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
mnr-1
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

Шеталиште 13/08/2026 21:58
pozar-loznani
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

Шеталиште 13/08/2026 21:49
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани