Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Театар

14. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“

Шеталиште 30/07/2025 17:23
0-02-05-ff1fde2c7481c83223f3808f0c390f56ca259261e1ef89c69f6174ce8ccc627f_d24f6630ee77990e

Под мотото „Театарот го менува светот“ од 3 до 7 август во НУ Центар за култура – Битола ќе се одржи 14. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“.

Во традиционалниот термин на две сцени во Центарот за култура ќе се одиграат десет претстави. А покрај официјалната натпреварувачка програма, фестивалот оваа година подготви богата придружна програма.

Шест претстави од Грузија, Унгарија, Хрватска, Бугарија, Албанија и Македонија ќе се натпреваруваат за фестивалското Гран-при за најдобра претстава во целина. Дел од програмата се театрите „Нодар Думбадзе“ и „Пиро Ќеци“,  национални установи од Грузија и Албанија. А ни доаѓаат и признатите независни продукции: „Колибри“ од Унгарија и „Мала сцена“  од Хрватска кои важат за најстари и водечки театри за деца во своите земји. На програмата е и куклениот театар „Сенџу“ од Бугарија кои ни носат јапонски куклен театар по методот на Такеда а за прв пат на „Битолино“ ќе учествува и Театарот „Сенки и облаци“ од Скопје.

„Нашите сцени се место каде што детската насмевка, фантазијата и искрените емоции се во центарот на вниманието. Преку театарот ние не само што раскажуваме приказни, туку и ги воспитуваме идните генерации – во духот на емпатија, разбирање и љубов кон уметноста. Срдечно им се заблагодарувам на сите театари од целиот свет кој изразија интерес да учествуваат. А особено – на децата, нашата верна публика изминатите тринаесет години кои се срцето на сè што правиме.“ – истакна Филип Етмишовски, директор на Бабец театар и Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“.

Во годината кога Драмскиот аматерски фестивал во Кочани, кој важи за носечка платформа за театарските аматери, е оправдано одложен. „Битолино“ одлучи да ја отстапи својата сцена на аматерските театри и театарски школи од земјата. Оваа година во придружната програма ќе бидат Театар Чекори од Скопје и Театарот при ЈОУ Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци. Фестивалот ќе го отвори и затвори Театарската школа „Бабец“ со претставите „Зборови“ и „Аудиција“. Токму со премиерата на младинската постановка на „Аудиција“ по текст на Александар Галин, Бабец театар ќе го одбележи и својот јубилеен 15. роденден.

Во придружната фестивалска програма е и дводневна театарска работилница за куклен театар „Светот на куклите“ со бугарската режисерка и актерка Ефимиа Павлова. Токму директорката на Државниот куклен театар во Сливен, Бугарија ќе биде претседател на фестивалското жири. Останатите два члена се македонските актери со интернационална театарска, филмска и телевизиска кариера: Тони Наумовски и Мартина Тапарчевска.

Фестивалот е поддржан како проект од национален интерес во рамки на Годишната програма на Министерстовото за култура и туризам на Македонија, Годишната програма за култура на Општина Битола а генерален спонзор е Комерцијална банка АД Скопје.

Continue Reading

Претходно: Здружението ИНТЕРАКТИВ – Битола изработи мурали за Гимназијата „Јосип Броз – Тито“ од Битола и основното училиште „Гоце Делчев“ од Тетово
Следно: Светскиот фолклор во градот: Битола – сцена без граници

Поврзани вести

rade-siljan
  • Култура
  • Настани

Објавена „Пајажина“ од Раде Силјан со над седумдесет песни македонска родољубива поезија

Шеталиште 15/03/2026 09:38
ziveti_JakaVarmuz_2026-31
  • Култура
  • Театар

Премиера на две Чехови едночинки во Словенија во режија на Марјан Неќак

Шеталиште 11/03/2026 14:14
Vresok
  • Култура
  • Филм

Седмото продолжение на „Вресок“ го помести рекордот на гледаност

Шеталиште 02/03/2026 15:06
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Поскапуваат цените на летовите avion-2 1
  • Свет

Поскапуваат цените на летовите

21/04/2026 08:22
Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ FB_IMG_1776759514548 2
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ

21/04/2026 08:19
При влез во Грција, ЕЕС системот нема да важи за Британците ees-1024x768 3
  • Балкан

При влез во Грција, ЕЕС системот нема да важи за Британците

21/04/2026 07:56
Растот на цените на горивата го зголемил бројот патници во јавниот транспорт во француските градови 20260421091505_big_730x400_58 4
  • Свет

Растот на цените на горивата го зголемил бројот патници во јавниот транспорт во француските градови

21/04/2026 07:52
Почина новинарката Гордана Дувњак 20260421091405_big_730x400_45 5
  • Македонија

Почина новинарката Гордана Дувњак

21/04/2026 07:51

Можеби сте пропуштиле

edukacija-seminar-2-1536x1034
  • Спорт
  • Останати

Завршен четвртиот модул од УЕФА ПРО курсот во организација на ФФМ

Димитар Петковски 21/04/2026 11:13
avion-2
  • Свет

Поскапуваат цените на летовите

Шеталиште 21/04/2026 08:22
double-chocolate-banana-bread-5
  • Рецепти

Чоколаден банана бреад – совршен спој на мекост и богат вкус

Шеталиште 21/04/2026 08:20
FB_IMG_1776759514548
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ

Димитар Петковски 21/04/2026 08:19

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани