НАЈНОВО

Економија

Највисоки просечни нето плати за Јануари

Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека просечната нето плата во јануари е 43.050 денари.

Податоците на ДЗС покажуваат дека највисоката просечна нето плата за овој период е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности и истата изнесува 99.367 денари.

Во овој сектор со месеци е највиската просечна плата, а исклучок беше декември лани.

Најниски просечни нето плати во декември
Следи Складирање и помошни дејности во превоз, 75.437 денари, па Научно истражување и развој со 73.826 денари, следен е секторот Воздухопловен транспорт, каде претходниот месец беше највисока просечната нето плата 64,729 денари и производство на основни фармацевтски производи и препарати 61,284 денари.

Поврзани новости