Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Театар

„15. јубилејно „Битолино“ со селекција на врвни детски театри од седум земји“

Шеталиште 26/07/2026 15:11
Bitolino

15 години секој детски сон станува јаве. Во традиционалниот термин од 3 до 7 август, Битола ќе биде центарот на театарот за деца во земјава и пошироко. Јубилејното 15. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ ќе се одржува на пет сцени во НУ Центар за кулутра – Битола и НУ Народен театар – Битола.

Во официјалната фестивалска програма од натпреварувачки карактер учествуваат 7 театри од 7 земји: Литванија, Романија, Словенија, Турција, Баскија, Србија и Црна Гора. Најдобрата претстава ќе го добие феситвалското Гранд-при за најдобра претстава во целина кое ќе го додели тричлено стручно жири, оваа година предводено од хрватскиот актер и режисер Ивица Шимиќ. Тој е основач на хрватскиот театар „Мала сцена“ од Загреб и поранешен генерален секретар на Assitej – светската организација на детски театри. Заедно со Шимиќ за наградата ќе одлучуваат македонските театарски првенци: Ана Левајковиќ – Бошков која минатата година одбележа 30 години на сцената на Театарот за деца и младинци во Скопје и Петар Горко кој во 2024 година одбележа 35 години кариера на сцената на Битолски театар.

„Годинава, интересот за учество беше исклучителен – пристигнаа повеќе од 70 пријави од театри од над 30 земји ширум светот. Од нив, селектиравме разновидна и високо квалитетна театарска продукција од седум држави, која на публиката ќе ѝ понуди богато и инспиративно фестивалско искуство. Од Литванија ни доаѓа сензорна претстава наменета за најмладата публика, од Романија пристигнува сценска интерпретација на легендарната приказна за Дракула. Претставата од Црна Гора на креативен и топол начин зборува за тоа како да се соочиме со тремата. Во програмата се вклучени и куклена претстава со автентична баскиска музика, како и емотивна приказна за „изумрените предмети“ на нашите родители. Театарот од Турција ќе им помогне на децата да ги препознаат и разберат своите чувства, додека словенечките гости ќе нè потсетат на безвременската вредност на другарството.“ – вели директорот на фестивалот, Филип Етмишовски.

Фестивалот ќе го отвори на 3 август, Театарската школа „Бабец“ со претставата „Како се станува цар“ а се затвора на 7 август со новата премиера на Бабец театар – „Мајка (Magna Mater)“. Во придружната програма на 4 август е училиштето за театар „Од игра до претстава“ од Скопје а на 5 и 6 август децата во Битола за првпат ќе гледаат Јапонски Камишибаи претстави и тоа вкупно шест.

„Битолино“ и ова фестивалско издание покрај претставите нуди и едукативна програма. Професорката Јованка Улиќ од Нови Сад, Србија три дена заедно со децата ќе подготвува Јапонски Камишибаи претстави. Најмалите битолчани ќе ги цртаат и пишуваат своите претстави, кој ќе бидат изведени пред доделувањето на фестивалското Гранд-при.

Јубилејно издание ќе понуди врвна уметничка програма за деца и ќе отвори важни теми за најмладите со што „Битолино“ ја потврдува својата позиција како еден од најзначајните фестивали за детски театар во регионот.

Continue Reading

Претходно: Подобри услови за спорт и рекреација во Битола: Спортските терени во ОУ „Даме Груев“ добиваат нов лик
Следно: Пелистерци предводени од Лино Червар ги “запалија” моторите (Фото)

Поврзани вести

Ideale
  • Култура
  • Настани

Концерт „Ideale“ на 15 август во Офицерскиот дом во Битола

Шеталиште 07/08/2026 08:02
plakat_carsija_bitola
  • Култура
  • Настани

Кога чаршијата пее… Битола добива свој фестивал на чалгијата

Шеталиште 07/08/2026 07:51
824-1-1024x724
  • Култура
  • Настани

Концерт „Grandi Duetti Soprano-Tenore“

Шеталиште 06/08/2026 11:26
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто 20260807131324_big_730x400_10 1
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

07/08/2026 11:16
Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца 20240806141846 2
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

07/08/2026 09:33
Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак 20260807104653_big_730x400_13 3
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

07/08/2026 09:30
Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер 20260807111234_big_730x400_54 4
  • Битола инфо

Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер

07/08/2026 09:29
Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања Granicen premin Bogorodica 5
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

07/08/2026 08:28

Можеби сте пропуштиле

20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
20260807105447_big_730x400_49
  • Кошарка

КК Пелистер потпиша договор со младински репрезентативец

Шеталиште 07/08/2026 09:31
20260807104653_big_730x400_13
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

Шеталиште 07/08/2026 09:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани