Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Интервју

17 години The Hounds: Приказната што го разбуди рокот во Прилеп

Шеталиште 12/08/2025 08:38
Screenshot_20250812_091918_Instagram

The Hounds бендот кој е добро познат, ја бои музичката сцена во Македонија со својата енергија, харизма и рок звук.. Со бројни настапи низ нашата земја и верна публика која секогаш ги следи, успеаја да создадат препознатлив музички печат.

Рок бендот кој 17 години ја раздвижува сцената, утре го прославува својот роденден како што знаат најдобро со моќен концерт и публика што пее во еден глас во „Калинка“ – Прилеп..

Во денешното интервју ни откриваат детали од својата музичка авантура, анегдоти од изминатите години и што подготвуваат во следниот период..

Ш: The Hounds слави 17 години постоење – како започна сè?

The Hounds:  4ца млади луѓе што сакаат да свират, имаа потреба од музика, публика и енергија. Навистина не се замаравме со кој-што кажал, ни со слава или пари.

Само сакавме и сакаме да свириме. Сеуште сме на истиот став и ништо не се променило, но еве мал хинт кон младите бендови, музичари и општо луѓе – се доаѓа и ќе дојде во свое време доколку му верувате на процесот. Не само во музика, во се!

Ш: Се сеќавате ли на првиот настап?

The Hounds: Секако, точно на 04.07.2008 во Табу, своевремено многу популарен прилепски кафич, не напишаа под име Hounds Band, што многу не нервираше. Демек ако не стоеше “бенд” можи молери ќе бевме ☺

Ш: Што ве одржа заедно толку долго време – тајната на вашата бенд-динамика?

The Hounds:Не одржа помислата на другата алтернатива доколку не свириме. Стандардна “Every-day job”. Преплашени бевме од тоа хахаха

Ш: Кои настапи би ги издвоиле како најнезаборавни досега?

The Hounds:Уфф има навистина многу. Сме делеле сцени со фантастични музичари. Но еве, омилени ни се роденденските концерти, има друга енергија тука.

Ш: Каква е врската со прилепската публика – растеше ли заедно со вас?

The Hounds: Имаме фантастична публика, нормално дека растеше заедно со нас. И се оженија, се омажија, деца имаат.. И тие ни се публика… Ексик 17 години хаха

Ш: Дали има некоја анегдота или гаф од настап кој секогаш го раскажувате?

The Hounds: Има мнооогу хаха ама еве еден што пред некој ден го зборувавме.

На почетокот на кариерата, после настап во Струга за пат на кај дома се загинавме со комбето низ сокаците. Начекавме едно девојче, застанавме да го прашаме, поточно Иле тапанарот, го знаете со брада и косишта ко Че Гевара хаха, тогаш излезе да ја праша “Извини девојче?..”…

Па мислам дека Дарио Ивановски го нема тој пејс во нозе со кој што девојката истрча во спротивен правец хаха

Ш: Работите ли на нова авторска музика во моментов?

The Hounds: Секако дека да, планирано беше и ново делче да пуштиме пред роденденот, но тоа е што е. Што би рекол другарот Џегер, You can’t always get what you want ☺. Поважно ни е да вадиме песни без брзање, ни прерано ни прекасно, на време!

Ш: Какви се вашите планови после 17 години – можеби албум, нови соработки?

The Hounds:  И албум и соработки. Свирки и концерти. Многу е лесно да трасираш план кога е единствен ☺

Ш: Откријте ни повеќе детали за 17-от роденден – што се подготвува?

The Hounds: Епа еве, многу музика, многу изведувачи и пријатели на сцена, прекрасна енергија, најмногу луѓе до сега, цела Македонија на едно место, а Македонија е преубава заедно. И да, сите ќе пеат рокенрол..

Ш: Што би им порачале на вашите фанови – кои ве следат со години?

The Hounds: Па би им порачал да продолжат да не следат, тмн е! Хахаха се шегувам, би им порачал да се среќни и да гледаат на светлата страна на животот, да слушаат музика и да посетуваат концерти, да не веруваат премногу и да не идеализираат политичари, да ја сакаат и чуваат Македонија и да не фрлаат ѓубре во планините. Не, бриши го последново, нашите фанови секако не фрлаат ѓубре никаде.

Ние сме The Hounds и свириме само за вас <3 

Continue Reading

Претходно: Денеска се полага државна матура во августовскиот рок, пријавени се 1.118 ученици
Следно: Денес се празнуваат светите апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник

Поврзани вести

E77B53D9-5627-4D06-8B2A-7D229094409F
  • Интервју

Совети од физиотерапевт: Како да го зачуваме здравјето во модерниот начин на живот

Шеталиште 04/04/2026 06:01
NASLOVNA 653A0044
  • Промо
  • Интервју

Новата архитектура на капиталот, од институции кон доверба

Шеталиште 02/04/2026 13:01
Iva-Kacarska
  • Интервју

Баланс наместо забрани – Ива Кацарска за здравото слабеење без екстреми

Шеталиште 01/03/2026 08:41
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица policija-8 1
  • Битола инфо

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица

15/04/2026 13:01
Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена VODOVOD - BITOLA 2
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

15/04/2026 11:51
Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола IMG_2655 3
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

15/04/2026 11:41
Мицкоски: Како што најавив се намалија цените на горивата, очекувам дополнително снижување Mickoski 4
  • Економија

Мицкоски: Како што најавив се намалија цените на горивата, очекувам дополнително снижување

15/04/2026 10:54
Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза Lufanza-avioni-730x375-1 5
  • Свет

Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза

15/04/2026 07:26

Можеби сте пропуштиле

20260415134942_big_730x400_21
  • Ракомет

Словенецот Котар потпиша за Еурофарм Пелистер

Шеталиште 15/04/2026 14:16
policija-8
  • Битола инфо

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица

Шеталиште 15/04/2026 13:01
VODOVOD - BITOLA
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

Шеталиште 15/04/2026 11:51
IMG_2655
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

Шеталиште 15/04/2026 11:41

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани