Во текот на изминатата вечер во периодот од 23.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 19 возачи, кои биле исклучени од сообраќај. За време на контролата биле санкционирани и 24 други видови прекршоци.
Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила. соопштуваат од полицијата.