
Битолското “железно момче” – Ален Рустемовски во финалето во недела ќе има потешка задача од претходно според боксерските фанови на турнирот поради големата подршка од домашната публика за опонентот на Рустемовски од Србија – Стефан Чамовиќ.
На меѓународното боксерско натпреварување „Опен Балкан“ според организаторот продефилирале повеќе од 300 боксери од повеќе од 20 земји во сите возрасни категории.
Покрај Ален на боксерското првенство учество зедоа боксерите: Мајкиќ, Талевски и Стојановски од Македонија но нажалост сите се поразени.
Резултати во продолжение:
Никола Ракичевиќ (Црна Гора) – Андреј Мајкиќ (Македонија)
5-0 – 52 кг
Данико Марковиќ (Црна Гора) – Синиша Талевски (Македонија) 5-0
Р1 кадети – 63 кг
Ален Рустемовски (Македонија) – Никита Косман (Русија)
4-1 60кг
Денес – ФИНАЛЕ
Ален Рустемовски – Стефан Чамовиќ (Србија)
Хамза Рашљанин (Србија) – Наум Стојаноски (Македонија)
5-0 71кг

За сите оние пред телевизиските екрани дуелите се во живо на интернет сајт или на екраните на АренаФајт.



