Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

30 години европски пат: Засилена порака за реформи и членство во ЕУ

Шеталиште 07/05/2026 20:24
IMG_3256

Во Скопје се одржа конференцијата „30 години на европскиот пат: Северна Македонија – Европска Унија – следни чекори“ на која беа одбележани три децении односи меѓу државата и Европската Унија.

На настанот се обратија високи претставници од државата, дипломатскиот кор и академската заедница, при што беа отворени прашања за досегашниот тек на евроинтеграциите, како и за следните чекори на патот кон членство.

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, истакна дека европската интеграција останува стратешки приоритет на државата. Тој нагласи дека по завршувањето на скрининг процесот, фокусот е ставен на забрзана испорака на реформи.

„Триесет години партнерство и 25 години од Спогодбата за стабилизација и асоцијација покажуваат дека нашиот европски пат е јасен и неповратен. Денес, интеграцијата не е само цел, таа е процес на конкретна испорака на резултати”, истакна Сали.

Тој додаде дека преку Реформската агенда и Планот за раст, државата веќе обезбедува мерливи резултати во клучните области како владеење на правото, јавната администрација и економското управување. Воедно подвлече дека кредибилен процес на проширување бара паралелна посветеност, силна реформска испорака од земјите кандидати и предвидливост од страна на Европската Унија.

„Нашата амбиција е јасна: полноправно членство во Европската Унија”, порача Сали.

Амбасадорот на ЕУ во земјава, Михалис Рокас, порача дека европските партнери остануваат подготвени да ѝ помогнат на државата да ја надмине последната пречка на патот кон членството.

„Патот до таму е многу поблиску отколку што мислиме, но недостига желба за обединување низ политичкиот спектар”, истакна Рокас, додавајќи дека доколку договорот од 2022 година бил навреме реализиран, земјата ќе била меѓу водечките кандидати.

Тој нагласи дека започнувањето на преговорите е клучен момент кој ја менува перцепцијата и ја зајакнува вербата во процесот. Според него, проширувањето е политичка одлука, но и неопходен одговор на новите геополитички предизвици.

„Живееме во време кога меѓународниот систем базиран на владеење на правото е разнишан. ЕУ мора да одговори на овие предизвици со силен фокус на проширувањето. Нема да дозволиме празнини на европскиот континент”, порача Рокас.

Деканот на Правниот факултет, Сашо Георгиевски, осврнувајќи се на изминатите три децении, истакна дека почетниот период бил обележан со очекувања и нереална надеж, но и со разочарувања од сопствени слабости.

Тој нагласи дека во текот на целиот процес постојат две константи: континуираната поддршка од граѓаните за евроинтеграциите и постојаната поддршка што земјата ја добива од Европската Унија.

Конференцијата опфати и две тематски панели посветени на геополитиката, младите и идниот бран на проширување, како и на владеењето на правото и економската конвергенција како основа за кредибилно членство, при што учесниците разменија ставови за предизвиците и можностите што стојат пред Северна Македонија на нејзиниот европски пат.

Continue Reading

Претходно: Шампионот Еурофарм Пелистер постигна само два гола во 17 минути, во убедливиот пораз од Вардар 1961!
Следно: Денеска облачно време со врнежи од дожд

Поврзани вести

160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15
img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

Димитар Петковски 16/06/2026 09:34
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите paridenari10-1 1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

16/06/2026 14:18
Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања raboti-na-kompjuter-696x411 2
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

16/06/2026 14:07
Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути 160626-103 (1)-3 3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

16/06/2026 13:28
Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица 912-512-bebe-novorodeno 4
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

16/06/2026 12:15
Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ! img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682 5
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

16/06/2026 09:34

Можеби сте пропуштиле

paridenari10-1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

Шеталиште 16/06/2026 14:18
raboti-na-kompjuter-696x411
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Шеталиште 16/06/2026 14:07
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани