Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Промо

32 сезони подоцна: Модата како културна архитектура

Шеталиште 09/03/2026 15:02
646842976_1254842639394310_6019516484501274739_n

Постојат настани што траат една вечер.

И постојат платформи што градат систем.

Триесет и две сезони подоцна, Fashion Weekend Skopje повеќе не е само моден календар. Тој е архитектура и структура што ја обликува сцената, ги поврзува индустриите и создава културен континуитет.

Од 27 до 29 март 2026 година, 32-то издание на Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank го позиционира Скопје како активен учесник во глобалниот моден разговор.

Домаќин на оваа пролетна енергија е „Дајмонд мол“, современ урбан простор што ја рефлектира токму таа трансформација: отворен, флексибилен, европски.

Со поддршка на УНИБанка како генерален партнер, ова издание ја нагласува модата како економска и културна сила, индустрија што создава вредности, ја поттикнува дигиталната трансформација и ја нормализира одржливоста како дел од новата деловна етика.

Културен мост: од Пекинг до Скопје

Програмата започнува со презентација и ревијален приказ на три кинески модни и накит дизајнери, со поддршка на Амбасадата на Народна Република Кина во С. Македонија.

Публиката ќе искуси синтеза на традиционални и современи естетики, а дискусијата што ја следи ќе ја отвори темата за модата како дел од националниот идентитет, како материјализирана историја што се носи на телото.

Дигитална трансформација: 3D, AI и новата генерација

Во рамки на Erasmus+ иницијативата Green DigiFashTech Manager – двегодишен европски проект финансиран од Европската Унија и поддржан од Green Land Group, Македонското Модно Здружение и FWSK ја претставуваат изложбата „3D & AI во модата“.

Изложбата и придружните дебати ги мапираат регионалните практики на пресекот помеѓу модата, 3D технологијата и вештачката интелигенција, со фокус на новата генерација дигитални креативци.

Во програмата се вклучени дела и проекти на Никола Ефтимов, Ангела Доневска, Емилија Славкова, Александра Филипова и BlackBello, Цветанка Гаревска Јаневска, Lirka и Bastet Noir.

Посебна димензија на проектот носи традиционалната соработка со Академијата за графички дизајн при Семос Едукација.

Седумнаесет студенти и алумни, под менторство на Бојан Буџаровски и Ерина Богоева, развија повеќе од 33 креативни решенија за насловната тема на FWSK32, користејќи AI и дигитални алатки.

Официјалната насловна визуелизација за оваа сезона е дело на Едита Зекировиќ.

Сите дела ќе бидат претставени во рамки на курирана фото-изложба за време на FWSK32, како доказ дека иднината на визуелниот јазик е веќе присутна.

Нордиско-балтичката приказна: одржливоста како систем

Оваа сезона, FWSK го претставува и меѓународниот проект „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичката приказна“.

Во март, нашата земја ќе биде домаќин на дизајнерска резиденција што ќе обедини десет дизајнери од нордиско-балтичкиот регион и С. Македонија.

Заедничката визија е јасна: одржливоста не е тренд, туку долгорочна индустриска стратегија. Резиденцијата ќе резултира со капсулна колекција и уметнички објекти што ќе бидат претставени во рамки на Моден Викенд Скопје.

Проектот е организиран од Амбасадата на Шведска во С. Македонија, во партнерство со Канцеларијата на Амбасадата на Литванија, Амбасадите на Данска, Финска и Норвешка во Србија и Македонското модно здружение, со поддршка од Нордискиот совет на министри.

Овој модел на прекугранична соработка ја нагласува трансформативната моќ на заедничкото создавање во време на глобални индустриски предизвици.

Донаторски настан за поддршка за издавање на печатено издание на книга за мода на македонски јазик.

Во рамките на своите проектни активности, Ротари клубот Скопје Центар го овозможи електронското издание на книгата “Облеката и модата, од историјата до денес” од Зорка Тодорова- Младеновиќ.

Културата не се создава сама, таа се гради со визија и со луѓе што веруваат во неа.

Посветена на приказната што досега не била раскажана – приказната за историскиот костим и модата во светот и во Македонија, нивниот развој, креативна енергија и културен белег, оваа книга ќе добие своја печатена форма и ќе стане дел од културното наследство за идните генерации, редок документ на македонски јазик и сведоштво за облекувањето низ вековите и денес.

Пистата како финална изјава

Ревијалната програма претставува внимателно курирана и балансирана селекција меѓу етаблираната модна сцена и новата генерација дизајнери: Роберт Ивановски со колекција “Origo”, поддржана од Душа Винарија; Terziya со „Вртлог“, поддржана од ZIA Jewelry и Душа Винарија; студентската ревија на Европскиот универзитет; GEORGIYA со „Season IV“; студентската ревија од насоката за моден дизајн на Факултетот за уметност и дизајн при Меѓународниот Балкански Универзитет; Марија Станојовска со „Dissonance“; Маригона Рахмани со „Marah Garden“; како и Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“, претставен преку студентите Рејхана Винца, Мирадије Селими и Дорунтина Каштанјева.

Кулминацијата на програмата ја носи ревијата на Олгица Ѓоргиева.

Ова нема да се само низа ревии. Ова е пресек на современата македонска модна сцена, нејзините гласови, нејзините експерименти и нејзината зрелост.

Триесет и две сезони подоцна, Моден Викенд Скопје покажува дека модата може да биде инфраструктура: место каде културата, технологијата, дипломатијата и економијата се среќаваат.

Модата не е површина. Таа е конструкција. И оваа пролет, таа повторно се гради – пред нашите очи.

Партнери и поддржувачи

Генерален партнер: УНИБанка – поддржувач на визијата за мода што го надминува гламурот и го рефлектира пулсот на заедницата.

Главна локација: „Дајмонд мол“, (Area Space, 2ри кат) – модна лабораторија каде се спојуваат традицијата и иднината.

Партнери:

Официјален Партнер за Конекции – Wolt. Модата пристигнува. Со Wolt.

Perwoll – повеќе од 60 години грижа за ткаенините: „Исто како ново! За три пати подолг век на вашата облека – Первол Renew.”

Pierre Cardin во соработка со СУГС „Димитар Влахов“ – официјален партнер за шминка.

Проектни партнери: Green Land Group, Gemak, Neonflex.mk, TRN.mk, Caffe Musetti, Пелистерка, Венеција мебел Прилеп, Аманти паста.

Continue Reading

Претходно: Битола го слави франкофонското наследство: „Франкофонска пролет“
Следно: Петмина Македонци избрани за општинскиот совет во Швајцарскиот – Ешален 

Поврзани вести

IMG_7338
  • Промо

КС Групација, Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа организираат крводарителска акција

Шеталиште 13/10/2026 08:12
meni_palash
  • Промо

Неделно мени во Palash – вкус што секогаш се памети!

Шеталиште 13/10/2026 07:05
1_-_
  • Промо

Од идеја до реализација: Октомври е за следниот бизнис чекор

Шеталиште 09/10/2026 11:24
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Гумерсбах домаќин на Е. Пелистер во „Швалбе арена“, која изградба чинеше над 10 милиони евра! gmerleben_gummersbach_schwalbe_arena_2018_01 1
  • Македонија
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Гумерсбах домаќин на Е. Пелистер во „Швалбе арена“, која изградба чинеше над 10 милиони евра!

13/10/2026 10:10
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на ВТА-125 турнирот во Лисабон 678о9 2
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на ВТА-125 турнирот во Лисабон

13/10/2026 09:17
Утре е Покровот на Пресвета Богородица – Празник на заштитата Bogorodica 3
  • Македонија

Утре е Покровот на Пресвета Богородица – Празник на заштитата

13/10/2026 07:15
Претставување на кандидатите за нов шеф на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители 20261012202429_big_730x400_43 4
  • Македонија

Претставување на кандидатите за нов шеф на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители

13/10/2026 06:10
Облачно и постудено време со дожд, температурите ќе паднат до 10 степени studeno-1 5
  • Македонија

Облачно и постудено време со дожд, температурите ќе паднат до 10 степени

13/10/2026 06:08

Можеби сте пропуштиле

gmerleben_gummersbach_schwalbe_arena_2018_01
  • Македонија
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Гумерсбах домаќин на Е. Пелистер во „Швалбе арена“, која изградба чинеше над 10 милиони евра!

Димитар Петковски 13/10/2026 10:10
678о9
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на ВТА-125 турнирот во Лисабон

Димитар Петковски 13/10/2026 09:17
IMG_7338
  • Промо

КС Групација, Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа организираат крводарителска акција

Шеталиште 13/10/2026 08:12
Bogorodica
  • Македонија

Утре е Покровот на Пресвета Богородица – Празник на заштитата

Шеталиште 13/10/2026 07:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани