Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Протести во неколку градови: Сакаат да возат без возачки дозволи и да не им се одземе возилото

Шеталиште 03/02/2026 22:05
protesti-aa

Попладнево на повеќе локации низ земјава се одржуваат протести поради одземањето на возила, при што на одредени места дојде и до нарушување на јавниот ред и мир.

Покрај блокадата на патот Битола-Ресен, во Прилеп, Струмица, како и во Штип, демонстрантите запалија гуми на улица, по што интервенираше Пожарната служба со цел да го изгасне огнот и да овозможи нормализирање на состојбата.

Надлежните служби ја следат состојбата и апелираат до граѓаните протестите да се одвиваат мирно и без загрозување на безбедноста и имотот.

Поради новиот закон за одземање возила управувани без возачка дозвола, попладнево во кочанската населба Трајаново Трло беше одржан протест, кој се одвиваше на улицата Цветан Димов во Кочани. Како израз на револт, демонстрантите запалија гуми, при што настанаа чад и краткотрајна блокада на улицата.

По кратка, но тензична интервенција, на терен излегоа пожарникарски екипи и полициски службеници, кои го изгаснаа огнот и го прекинаа собирот, со цел да се спречи понатамошна ескалација и загрозување на безбедноста на граѓаните.

Од надлежните институции се очекува соодветно постапување, имајќи предвид дека ваквиот начин на искажување незадоволство, со палење гуми и нарушување на јавниот ред и мир, претставува кривично дело според важечките закони. Засега нема официјални информации за приведени лица или за дополнителни мерки, но институциите најавуваат дека ќе реагираат согласно законските надлежности.

Вечерва транзитниот пат во Струмица, кај Ромското маало е под блокада од група граѓани. Тие се снимаат на социјалните мрежи говорејќи револтирано за казните кои Министерството за внатрешни работи започна да ги издава во рамки на системот „Безбеден град“.

По блокадата на магистралниот пат Битола-Охрид со запалено ѓубре, жители од битолската ромска населба Баир слегоа да протсетираат пред Судот и Полицијата во Битола. Протестите настанаа откако полицијата на неколкумина им ги одзеде возилата кога ги затекна дека возат без возачки дозволи. Сега, тие бараат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да најде друг начин да добијат возачка дозвола без да полагаат возачки испит зашто се необразовани, или да си даде оставка.

 

 

 

Извор и фото: +инфо

Continue Reading

Претходно: Утре ќе се одржи битолската премиера “Приказна за Силјан”
Следно: Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец

Поврзани вести

Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

Шеталиште 08/10/2026 06:50
+
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

Шеталиште 08/10/2026 06:44
esen-skop-e-sonce-10-1536x1191-1-1024x794
  • Македонија

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

Шеталиште 08/10/2026 06:43
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Ја славиме Преподобна Ефросинија Svekji-Crkva-2_1000x666-1 1
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

08/10/2026 06:50
Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност 75775 2
  • Економија

Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност

08/10/2026 06:46
Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население + 3
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

08/10/2026 06:44
Сончево и релативно топло со мала локална облачност esen-skop-e-sonce-10-1536x1191-1-1024x794 4
  • Македонија

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

08/10/2026 06:43
Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп policisko-svetlo 5
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

07/10/2026 11:47

Можеби сте пропуштиле

torta-
  • Рецепти

Медена торта вкус што не се заборава

Шеталиште 08/10/2026 07:03
DB2017AU01461_web_1600
  • Автомобили

Најпродавани компактни СУВ во Европа до август

Шеталиште 08/10/2026 06:57
horoscop-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (08.10.2026)

Шеталиште 08/10/2026 06:52
Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

Шеталиште 08/10/2026 06:50

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани