Вардар 1961 и ЖРК Ѓорче Петров ја продолжуваат доминацијата во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција кои дојдоа до 18. односно 19. пехар. Дамите од Ѓорче Петров имаат хет-трик на трофеи во Купот на Македонија, кои остануваат најтрофеен клуб.
“Црвено-црните” со победата во Купот на Македонија, не дозволија изненадување и славеа над ГРК Охрид со 23-24 (12-13).
Јака Малус со 8 гола беше прв стрелец, Димитро Хорига имаше 6 погодоци, додека голманот Валах со своите 10 одбрани ги одврати гостите од Охрид да направат историски успех на нивното премиерно финале во ова натпреварување.
Во екипата на ГРК Охрид Ѓукиќ и Јасухира постигнаа по пет голови.
По Куп финалето беа доделени индивидуалните признанија.
Јака Малус како најдобар стрелец на турнирот беше избран и за МВП, додека Кристијан Пилиповиќ од Охрид е нај-голман.
Најдобар стрелец и МВП – Јака Малус (Вардар)
Најдобар голман – Кристијан Пилиповиќ (Охрид)
Во Женска конкуренција, ракометарките на Ѓорче Петров го одбранија трофејот во Купот на Македонија, откако славеа против ЖРК Спартак со 30-33 (14-18).
Најпрецизни беа Емилијана Ризоска, Марија Гугуљанова и Армина Исиќ со по 7 голови.
Кај ЖРК Спартак 12 голови постигна Сузана Зечевиќ.
фото РК вАрдар 1961

