ГРК Охрид се пласира во финалето на ЕХФ Европскиот куп, откако вчера го елиминираа словенечкиот Целје, 25-24 регуларен ден, на пенали 4-3.
По поразот во Словенија со 26-27 на првиот натпревар, охриѓани одигра одличен реванш и се пласираа во финалето на огромна подршка и задоволство во полната “Билјанини Извори”.
Во пенал рулетот, херој беше Пилиповиќ, кој го одбрани клучниот удар во шестата серија и му донесе голема радост на домашниот тим и навивачите.
Во ЕХФ Европскиот Куп, екипата на Охрид, ќе игра против унгарскиот тим Татабања, каде што игра македонецот, Филип Талески. Финалето меѓу ГРК Охрид и Татабања е закажано за 23/24 односно 30/31 мај. Со ждрепка во Виена, ќе биде познато која екипа ќе биде домаќин на првиот натпревар.
Фото ЕХФ
Видео МРТ

