Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо

ФОТО: Промовиран преведен роман на англиски јазик на Педагошкиот факултет во Битола

Шеталиште 05/05/2026 11:27
IMG-78f79638f02f0fa54b82ff3946a769c4-V

Кога посветено и со ентузијазам се работи со студенти кои се желни за знаење и освојување на нови простори, резултатот е неминовен. Група студенти на Педагошкиот факултет од Битола, на групата Англиски јазик и книжевност, под менторство на проф. д-р Силвана Нешковска го преведоа на англиски јазик романот „Три Марии“ од македонската современа писателка Оливера Ќорвезировска.

Преведениот роман беше промовиран на Педагошкиот факултет-Битола, во присуство на авторката Ќорвезировска и директорката на издаваштво – Бранка Бугариска од издавачот на романот Арс Ламина.

За студените Стефани Ралоска, Стефани Лингуровска, Михаела Апостолоска, Катерина Станојоска, Ивана Начоска, Надица Николоска – Филипоски и Мане Николоски преводот на „Три Марии“ е многу повеќе од академска задача, туку и можност да ја доближат македонската литература до пошироката публика и да согледаат колку книжевноста и преведувањето бараат љубов, внимание, посветеност и трпение. Одлуката да се избере токму овој годинава најнаградуван македонски роман студентите преведувачи ја објаснуваат: „Оваа книга нè привлече уште од првото читање со својата блискост, емоционалност и човечка искреност. Во неа препознавме теми што се универзални и секому блиски, а особено нам како млади луѓе пред кои стојат бројни животни одлуки и предизвици – а тоа се љубовта, односите меѓу луѓето, разочарувањето, личниот избор и внатрешните чувства што понекогаш остануваат докрај неискажани. Токму затоа изборот на романот „Три Марии“ за нас не беше само текст за превод, туку приказна што се доживува лично, приказна со која можевме интимно да се поврземе. Она што не привлече беше тоа што романот наместо едноставни одговори, поставува суштински прашања како на пример: ,,Колку сме подготвени да се жртвуваме за сопствената среќа и каде започнува и завршува верноста кон другите?”; ,,Kаде започнува и завршува верноста кон самите себе?.”

Авторката Ќорвезировска со емоции и благодарност, на промоцијата ја потврди својата возбуда и задоволство од фактот што група млади студенти, заедно со својата професорка одлучиле да го преведат нејзиниот роман, итоа пред тој да ги добие наградите и признанијата. Значи, станува збор за препознавање и воспоставување првична комуникација со текстот, од што секој автор би бил почестен – подвлече Ќорвезировска.

Инаку, ова е четврт ваков проект на Педагошки факултет, со тоа што проф. д-р Силвана Нешковска, нагласи дека станува збор втор целосен превод на едно дело, по преводот на романот „Скршени крила“ од Милјана Павловска.

Студентите го избрале романот веднаш по неговото објавување, кога тој беше добитник на Рациновото признание за 2025 година, без да претпостават дека наскоро ќе освои и други престижни награди, меѓу кои „Стале Попов“ и „Роман на годината за 2025“, како и признанието „Автор на годината“ за авторката.

Во промоцијата на преведениот роман покрај Педагошкиот факултет, коорганизатор беше и Македонското научно друштво – Битола, кое континуирано поддржува активности насочени кон афирмација на книжевноста и домашните автори.

Continue Reading

Претходно: Утре е голем празник – Се празнува Ѓурѓовден
Следно: Јубилеј од 10 години посветеност во Евротип

Поврзани вести

20261009093754_big_730x400_97
  • Битола инфо

Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап

Шеталиште 09/10/2026 07:52
granata
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

Шеталиште 07/10/2026 07:04
798ff3dd-15d4-db1d-2107-36fa593314ad
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Кузмановски со 15 погодоци лидер на Еурофарм Пелистер кој испушти победа на гостувањето во Полска

Димитар Петковски 06/10/2026 21:45
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите 06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

10/10/2026 09:36
„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш 06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004 2
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

10/10/2026 09:32
Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 3
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57
БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога image (12) 4
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

09/10/2026 08:51
Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени 20261009093329_big_730x400_98 5
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

09/10/2026 07:56

Можеби сте пропуштиле

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 16:23
Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 15:59
06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

Димитар Петковски 10/10/2026 09:36
06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

Димитар Петковски 10/10/2026 09:32

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани