НАЈНОВО

ЗабаваШоубиз

40 години на музичката сцена – Мадона, кралицата на попот најави светска турнеја

Под насловот  „The Celebration“, кралицата на попот тргнува на светска турнеја. Оваа музчка ѕвезда веројатно нема кој не ја знае низ светот и со право може да се рече дека таа владее со сцената веќе четири децении. И покрај обвинувањата дека таа претерува со вулгарните фотографии на својот профил, со бројните естетски операции, сепак…Тоа е Мадона и продолжува да пее, твори, а сега и прославува.

Кралицата на попот ќе ги посети своите обожаватели во 35 градови низ светот и ќе ги однесе на уметничко патување низ изминатите четири децении и ќе му оддаде почит на градот Њујорк каде што започна нејзината музичка кариера.

Светската турнеја на кралицата на попот Мадона се вика „The Celebration Tour“ и ќе опфати 35 градови, а почнува во Северна Америка на 15 јули во Роџерс арената во Ванкувер.

После тоа, 64-годишната пејачка пристигнува во Детроит, па Чикаго, па Њујорк, Мајами, Лос Анџелес и уште неколку градови пред шоуто да се пресели во Европа.

Во текот на есента Мадона ќе настапи во 11 градови на Стариот континент, меѓу кои Лондон, Барселона, Париз и Стокхолм. Серијата концерти ќе заврши во Амстердам во петок, 1 декември 2023 година.

„Возбудена сум што ќе истражувам што е можно повеќе песни со надеж дека ќе им го дадам на моите обожаватели шоуто што го чекаа“, рече Мадона во изјавата објавена на страницата.

Поврзани новости