Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Балкан
  • Регион
  • Спорт
  • Фудбал

Без голови во Сараево одиграа Македонија и Босна и Херцеговина

Димитар Петковски 30/05/2026 05:08
696c0015-9294-44ab-98c4-1efe9bf7f559-1536x1033

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови против селекцијата на Босна и Херцеговина на пријателскиот натпревар во Сараево, во дуел во кој двете репрезентации имаа свои шанси, но не успеаја да ја затресат противничката мрежа.

За Македонија ова беше второ реми по ред со резултат 0-0, откако избраниците на Гоце Седлоски претходно останаа непоразени и на гостувањето кај Република Ирска во Даблин. Натпреварот во Сараево ќе остане запаметен и по дебитантските настапи на Омерагиќ, Аломеровиќ, Јанкулов и Анѓелески во националниот дрес. Босанците, пак, ќе бидат дел од Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА – МАКЕДОНИЈА 0-0

Стадион: „Асим Ферхатовиќ Хасе“
Гледачи: 30.000
Судија: Раде Обреновиќ (Словенија)
Жолт картон: Алиоски (Македонија)

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: Зломислиќ, Дедиќ (46’ Хаџикадуниќ), Радељиќ (46’ Челик), Катиќ (46’ Мухамеровиќ), Мујакиќ (46’ Бурниќ), Тахировиќ (60’ Малиќ), Гиговиќ (46’ Хаџиахметовиќ), Бајрактаревиќ (46’ Башиќ), Баждар (46’ Махмиќ), Лукиќ (46’ Демировиќ), Алајбеговиќ (46’ Мемиќ).

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски (60’ Шишковски), Зајков (46’ Фетаи), Велковски (60’ Серафимов), Муслиу (85’ Манев), Јанкулов (46’ Чурлинов), Херера (46’ Аломеровиќ), Николов (60’ Анѓелески), Атанасов (46’ Елези), Елмас (70’ Алиоски), Миовски (60’ Ристовски), Растодер (46’ Омерагиќ).

 

 

 

Првата сериозна опасност ја создадоа домаќините уште во четвртата минута. Алајбеговиќ се ослободи од својот чувар и шутираше од дваесетина метри, а топката по блокот заврши во гредата од голот на Столе Димитриевски.

По подолг мирен период, БиХ повторно се закани во 30. минута. Алајбеговиќ продре по левата страна и шутираше откосо, но Димитриевски одлично интервенираше и ја сочува својата мрежа.

Најдобрата можност за Македонија дојде само три минути подоцна. По грешка на босанската одбрана, Бојан Миовски се најде сам пред голманот Зломислиќ и се обиде со лоб-удар да го совлада, но дефанзивецот Стјепан Радељиќ со пожртвувана реакција расчисти непосредно пред гол-линијата.

Во 37. минута Гиговиќ испрати силен удар од далечина, но Димитриевски повторно беше сигурен.

Во самиот финиш на првото полувреме, Баждар со удар со глава ја погоди стативата, па и покрај двете погодени рамки на голот од страна на домаќините, на одмор се замина без голови.

Во вториот дел двајцата селектори извршија голем број измени, што влијаеше на ритамот на играта и донесе помалку возбудувања пред двата гола.

Најзрелата шанса во продолжението ја имаше Ермедин Демировиќ во 69. минута, кога шутираше откосо од десната страна, но топката заврши покрај дирекот.

До крајот, БиХ се обидуваше да стигне до победнички погодок, но македонската одбрана остана цврста и организирана, па натпреварот заврши со почетните 0-0.

Следниот тест за Македонија е на 1 јуни против Турција во Истанбул.

Фото ФФМ

Continue Reading

Претходно: Елмас: Треба да бидеме фокусирани на нас и да играме напаѓачки
Следно: Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)

Поврзани вести

160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

Димитар Петковски 16/06/2026 09:34
Screenshot 2026-06-16 105657
  • Спорт
  • Останати

Ивана Пејовска дел од ЦЕВ „Тренерската конвенција 2026“ во Португалија

Димитар Петковски 16/06/2026 08:57
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите paridenari10-1 1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

16/06/2026 14:18
Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања raboti-na-kompjuter-696x411 2
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

16/06/2026 14:07
Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути 160626-103 (1)-3 3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

16/06/2026 13:28
Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица 912-512-bebe-novorodeno 4
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

16/06/2026 12:15
Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ! img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682 5
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

16/06/2026 09:34

Можеби сте пропуштиле

paridenari10-1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

Шеталиште 16/06/2026 14:18
raboti-na-kompjuter-696x411
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Шеталиште 16/06/2026 14:07
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани